Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Трамп објави: САД ќе бидат домаќини на Светското првенство за жени во 2031 година
    Спорт

    Трамп објави: САД ќе бидат домаќини на Светското првенство за жени во 2031 година

    25/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Соединетите Американски Држави, заедно со Мексико, Костарика и Јамајка, ќе бидат домаќини на Светското првенство во фудбал за жени во 2031 година, на кое за првпат ќе учествуваат 48 репрезентации.

    Американскиот претседател Доналд Трамп ја објави информацијата преку социјалните мрежи, истакнувајќи дека организирањето на овој голем спортски настан ќе донесе значителни економски придобивки и ќе придонесе за развојот на женскиот фудбал.

    „Горд сум што објавувам дека Светското првенство за жени во 2031 година на ФИФА ќе се одржи во Соединетите Американски Држави! По домаќинството на најуспешното Светско првенство во историјата, ниедна земја не е посоодветна за домаќинство на најголемиот спортски настан за жени во светот“, напиша Трамп.

    Според американскиот претседател, турнирот ќе создаде долгорочни економски придобивки, ќе го поттикне развојот на фудбалот во САД и низ целиот свет и ќе придонесе за меѓународната промоција на земјата.

    Трамп упати благодарност и до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, како и до неговиот тим за поддршката во организацијата на првенството.

    Домаќините на Мундијалот во 2031 година беа официјално потврдени на вонредниот конгрес на ФИФА, одржан на 23 ноември.

    Првенството ќе биде историско поради проширувањето на форматот на натпреварувањето. За првпат на Светското првенство во женски фудбал ќе настапат 48 национални селекции, а во рамките на турнирот ќе бидат одиграни вкупно 104 натпревари.

    За Соединетите Американски Држави ова ќе биде трето домаќинство на Светското првенство во женски фудбал, откако претходно го организираа натпреварувањето во 1999 и 2003 година.

    Поврзани вести:

    Шкендија без победа против Силекс, кратовци освоија бод по ремито во Скопје

    Шкендија без победа против Силекс, кратовци освоија бод по ремито во Скопје

    Лазаров по големата победа: Алкалоид мора да биде внимателен на реваншот

    Лазаров по големата победа: Алкалоид мора да биде внимателен на реваншот

    Голеада за паметење во Серија А: Елмас стрелец во спектаклот со осум гола

    Голеада за паметење во Серија А: Елмас стрелец во спектаклот со осум гола

    Филип Талески се сели во Швајцарија, потпиша за ХСЦ Арау

    Филип Талески се сели во Швајцарија, потпиша за ХСЦ Арау

    Алкалоид со убедлива победа против Горење, на чекор до следната рунда во ЕХФ Европскиот куп

    Алкалоид со убедлива победа против Горење, на чекор до следната рунда во ЕХФ Европскиот куп

    Алкараз го освои АТП-финалето: Шпанецот го победи Зверев за прва титула во Торино

    Алкараз го освои АТП-финалето: Шпанецот го победи Зверев за прва титула во Торино

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Шкендија без победа против Силекс, кратовци освоија бод по ремито во Скопје

    23/11/2026

    Лазаров по големата победа: Алкалоид мора да биде внимателен на реваншот

    22/11/2026

    Голеада за паметење во Серија А: Елмас стрелец во спектаклот со осум гола

    22/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.