Педесет и шестгодишен скопјанец е приведен утрово на подрачјето на Бит Пазар, по пријава дека им се заканувал на своите двајца синови со остар предмет.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Скопје во 03:50 часот го лишиле од слобода С.Т. (56) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за семејно насилство.
Според пријавата, мажот во семејниот дом со остар предмет им упатувал закани на своите двајца синови, а притоа оштетил и дел од покуќнината.
По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
