Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » колумна
    Колумни

    Пожарникарот Мицкоски

    05/11/20254 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Пишува: Никола Тасев

    Тешки, кризни времиња веќе подолг период го притиснаа светот. Пожари има насекаде. И кај нас е така. Но тука, одамна веќе не гори само во шумата. Гори на сите страни: во правдата, во економијата, во администрацијата, во безбедноста, во евроинтеграциите….

    Во Македонија секој проблем си има свој огин. Некои пламени вивнуваат поради неработење, некои поради корупција, некои оти имаме пиромани кои не му ја мислат на последиците.

    Да, да за жал пожарите во нашата држава се многу чести! Најголемиот дел се наследени од претходните седум години, кога имавме власт, која наместо да ја чува држава, секојдневно потпалуваше нови, а старите огнови ги оставаше недоизгаснати. Ја пеплосаа Македонија на сите полиња.

    Граѓаните пекаа по добар пожарникар и на изборите таа улога му ја дадоа на Христијан Мицкоски. Тој се нафати на тешката и ризична работа. Дали добро си ја врши задачата?

    Го гледавме како летово гасеше вистински пожари во шумите. Му подметнуваа и пожари околу Скопје – и нив ги локализира, а потоа ги изгасна. Но изгледа дека тоа му беше само тренинг за овие поголемите: државните, економските, политичките, бриселските…

    Пожарот со нискиот стандард на пензионерите го гасне континуирано. Пламените јазици кои одамна ги зафатија здравството и образованието ги намалува. Ги мафна и чудните пожари кои со години ги кочеа градењата на инфраструктурата низ Македонија. Едноставно, пожарникарот е цело време растрчан на терен и гаси секаде каде треба.

    Ама пироманите не мируваат. Некои упорно сакаа да запалат меѓуетнички пожар, но Мицкоски и го гаснеше и делуваше превентивно, одмерено, а во Кичево на изборите дури и посериозно ги ослабна пироманите.

    Ама другите пожари не се шегуваат – си тлеат и во даден момент пламнуваат.

    Уште многу акции на пожарникарот може да се набројат. Некаде резултатите се одлични, некаде треба да се запне, некои уште не се лоцирани, но видливо е дека пожарникарот има добар нос да го насети чадот и не се мисли – тргнува да гаси.

    Ќе успее ли? Може ли да го издржи темпото?

    „Дури и премногу самиот, со уште два-тројца посериозни пожарникари, гаси. Мора да ги подтурне „во оган” и многуте други пожарникари во неговата бригада и тие да сработат, да си ја заслужат платата, да помогнат во совладувањето на пламенот”, коментираат многумина.

    И во право се! Оти многу пожари има за гасење во Македонија, за еден човек да може стигне на сите места, затоа му треба реорганизација во противпожарната единица со дополнителни луѓе, со квалитетна опрема. А, и да се заменат пожарникарите кои не се покажаа успешни во изминатава година. На оние, кои наместо со вода гасеа со бензин или пак чекаат да дојде главниот пожарникар за да почнат да гасат, не им е веќе местото во главната македонска противпожарна бригада.

    Оти допрва следуваат и нови пожари, а некои од старите се распламтуваат. Од Брисел вчера, на пожарот што го разгори претходната власт околу евроинтеграциите и во кој потпишаа да изгори македонскиот идентитет, фрлија нови суви гранки. Добро е што Мицкоски таму отиде со огноотпорниот пожарникарски скафандер, па се обидува да го стиша и тој пожар. Овие пламени јазици се едни од главните тестови кои ќе покажат колку пожарникарот е успешен, затоа и му треба поддршка.

    А за жал, многумина и во Македонија одмагаат. Не само што му пречат во гаснењето, туку напротив и самите потпалуваат. Бивши функционери, извикани политичари, потплатени медиуми и самонаречени аналитичари, наместо да дојдат на припомош на пожарникарот, тие или дуваат во огнот за посилно да гори или сеират и чекаат пожарникарот да колабира од високата температура на пламенот.

    Мицкоски е на потег. Видливо е дека не е излиен од восок, но колку е отпорен неговиот челик треба да покажува секој ден.
    Треба секој ден да внимава да ги превенира и потенцијалните пожари во главите на новоизбраните градоначалници. Тие треба да сфатат дека пожарите лесно се палат од лошо работење, а и треба да разберат оти градоначалничката функцијата не е логорски оган околу кој се пее, се пие, се раскажуваат вицови и се делат тендери. Треба сериозна работа, инаку пожар ќе има и во општините. И тука ќе треба да гаси главниот пожарникар.

    На крај мора да бидеме искрени и да го обвиниме главниот бригадир дека е лично одговорен за еден пожар. И тоа не мал! На локалните избори, така силно ги запали штабовите на СДСМ и ДУИ, што од таму се уште и неколку дена по гласањето се шири густ чад. Тие пожари партиите сами ќе ги гаснат, а потоа прочистени треба и тие да помогнат на пожарникарот, оти „Македонија без пожари“ е приоритет.

    Поврзани вести:

    За безбеден сообраќај не е доволен само „сејф сити“, туку и да нема дупки по улиците, да им повеќе полиција, да…

    За безбеден сообраќај не е доволен само „сејф сити“, туку и да нема дупки по улиците, да им повеќе полиција, да…

    ДУИ уверуваше дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалициски капацитети, но сега сите бегаат од партијата на Ахмети

    ДУИ уверуваше дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалициски капацитети, но сега сите бегаат од партијата на Ахмети

    Зошто ги снема Ковачевски и Маричиќ, тие со своите визии да објаснат каква гаранција и предвидливост има Македонија на патот кон ЕУ?

    Зошто ги снема Ковачевски и Маричиќ, тие со своите визии да објаснат каква гаранција и предвидливост има Македонија на патот кон ЕУ?

    Раката што дава не се суши: Потребна е поголема солидарност и хуманост во Македонија

    Раката што дава не се суши: Потребна е поголема солидарност и хуманост во Македонија

    Арсовска имаше програма и ветувања на 69 страници, а отчет не даде ниту со 6,9 збора

    Арсовска имаше програма и ветувања на 69 страници, а отчет не даде ниту со 6,9 збора

    ЕУ јасно да каже и покаже дали кон Македонија ќе се води по демократски или по ветократски принципи

    ЕУ јасно да каже и покаже дали кон Македонија ќе се води по демократски или по ветократски принципи

    администрација гори економија кризни времиња Мицкоски пожар политика
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    За безбеден сообраќај не е доволен само „сејф сити“, туку и да нема дупки по улиците, да им повеќе полиција, да…

    05/12/2025

    Собранието во портокалова боја – силна порака против насилството врз жени

    04/12/2025

    Костадинов демантира, МВР поднесува кривична пријава за набавката на електричните автобуси

    04/12/2025
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2025 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.