Колумна на Никола Тасев
Во ЕУ конечно почнаа посериозно да зборуваат околу проширувањето со земјите од Западен Балкан. Предлогот за постепено пристапување во Унијата поддржан од францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц е вреден за разгледување.
Во ЕУ конечно почнаа посериозно да зборуваат околу проширувањето со земјите од Западен Балкан. Предлогот за постепено пристапување во Унијата поддржан од францускиот претседател Макрон и германскиот канцелар Мерц е вреден за разгледување.
во тој ходник да направат прозорец за да сме можеле да видиме што се случува во дневната соба на ЕУ, каде удобно седат членките.
Значи, се уште на потег е ЕУ. Предлогот на Макрон и Мерц засега е нон-пејпр, па нека наскоро стават на хартија видоизменет и соодветен предлог кој ќе стане официјален документ, каде ќе се вратиме на Копенхашките критериуми, без сопки и разни идентитетски вета на секој кластер. Треба да дообјаснат и дали ваквото членство е крајна понуда за нас или сепак главната цел е полноправно членство и кога тоа ќе биде. Потребна е јасна предвидливост на процесот. Македонија долго чекаше, ќе го почека и ова.
Секако на потег е и премиерот Мицкоски. Тој нека си се радува на успешните средби со Емануел Макрон и Фридрих Мерц, но и нека отвора „четири очи“. Верувам дека нивните пораки кон него биле искрени и дека Франција и Германија навистина сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Ама нека не заборава, идентитетот македонски мора да се сочува, а нека биде сигурен дека ќе има уште итри и подли обиди од разни соседски структури да ни биде скршен. Сето тоа тој мора да го предвиди, препознае и осмислено да одговори.
И нека не заборава, проширувањето не и е потребно само на Македонија, туку и на ЕУ. Оти во новата геополитичка карта на светот, секој квадратен километар од Европа што ќе остане надвор од Унијата станува потенцијален терен за влез на други глобални играчи, а тоа е ризик што Брисел не смее да си го дозволи ако навистина сака Европа да остане обединета и влијателна.
Затоа сопките што Бугарија и ги поставува на Македонија не се само сопки за нашата држава. Тие се сопки и за Европската Унија. Софија директно ја руши приказната што Брисел со години ја продава за Европа како заедница на вредности и семејство на народи.
Инаку, Мицкоски мора и дома да поработи повеќе околу реформите и борбата со корупцијата.
Индиректно, на потег е и и лидерот на СДСМ Венко Филипче. Тој всушност само треба конечно да разбере дека проблем не е Бугарите да бидат впишани во Уставот. Тоа никогаш не било суштинскиот проблем. Проблемот е што голем дел од бугарската политичка елита не се бори за правата на Бугарите во Македонија. Таа се бори за да го поткопа македонскиот идентитет, македонскиот јазик и историја.
И мора да разбере дека нема ништо глатко да оди понатаму во проширувањето ако сега без гаранции го смениме Уставот. Впрочем самата Софија тоа јасно му го покажува деновиве, не давајќи ни објаснување зошто само Бугарија го стопира македонскиот акциски план за малцинствата, за кој согласност дале сите останати земји од ЕУ, а е изработен со помош на експерти од Брисел.
Може ли Филипче тоа да го разбере?
Може ли Мицкоски да биде до крај внимателен?
Може ли ЕУ конечно да го врати процесот на проширување во фер и воедно забрзан ритам?
Македонија одамна го заслужи ова!
