Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“
    Колумни

    „Почитувани ЕУ-Комесари, со писмово сакам да ви кажам: Овој Мицкоски не ве слуша, а јас ќе послушам се што ќе побарате од мене“

    02/04/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Колумна на Никола Тасев

    Опозицискиот СДСМ барајќи начин да излезе од хаосот во кој е одамна пред некој ден извади нова програма за делување, ама таа не предизвика особено внимание кај јавноста. Сега, пак, нивниот лидер Венко Филипче најави дека ќе му пишел писмо на ЕУ, најверојано посакува барем таму да привлече внимание.

    Во писмото ќе го алармирал Брисел за „демонтирање” на евроинтегративниот процес од страна на македонската влада и премиерот Мицкоски. Како што самиот Филипче објасни тој воедно ќе повикал и на широка општествена мобилизација за зачувување на европската иднина на државата.

    Останува нејасно како тој ќе ги мобилизира граѓаните кога над 85 отсто од народот се изјасни против францускиот предлог и преговарачката рамка. А сега најново и дека 76 проценти не се согласуваат со уставните измени, баш спротивно од она што го бара Филипче.

    Граѓаните и на избори му кажаа што мислат за неговиот начин и начинот на СДСМ на водење на надворешната политика. Зарем Филипче ќе праќа писмо до Брисел, а не ги чита писмата кои македонските граѓани упорно му ги праќаат околу тоа како треба да се води Македонија по евтоинтеграцискиот пат?

    Воедно, нели токму СДСМ и Филипче повикуваа на консензус за националните прашања? Каков е тој консензус ако прво се пишуваат писма до странство?

    Затоа Филипче не треба да брза со праќање на писмото, прво треба да го чуе народниот глас, па да разговара со власта, па да види што може да помогне околу ЕУ – интеграциите. На пример, може да им пише писмо во Брисел дека е доста од двојните стандарди и ветата.

    Или пак тој веќе реши само да се нуди во ЕУ дека ќе биде послушен кога тој би бил премиер? Па, не иде, не е добро, од голем лидер и голема партија писмото до Брисел да биде во стилот:

    -Почитувани ЕУ-комесари, овој Мицкоски не сака да ве слуша, а јас би ве послушал се што ќе ми кажете и се што ќе побарате…

    Таквото писмо ќе го прочитаат секретарките на ЕУ-комесарите и пред да го пратат кај шефовите на увид ќе прашаат – а колкава поддршка има во народот овој Филипче? По добиениот одговор од нивните служби, не сакам ниту да помислам каде писмото ќе заврши. Оставам самиот социјалдемократски лидер да помисли и да си одговори, а можеби потоа и подобро ќе размисли што треба да направи.

    еу Мицкоски писмо сдсм филипче
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    ВМРО – ДПМНЕ: СДСМ и Венко Филипче пет дена ја слават победата на Маѓар во Унгарија

    16/04/2026

    СДСМ: Mицкоски ѝ се заканува на опозицијата со прогон

    16/04/2026

    Има резултат упорното владино инсистирање за гаранции: Се повеќе ЕУ – политичари бараат решение за маките на Македонија при евроинтеграциите

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.