Премиерот Христијан Мицкоски денеска телефонски разговарал со проф. д-р Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија, на кого му ја честитал изборната победа и му посакал успех во периодот што следува.
Мицкоски информацијата ја објави преку својот профил на Фејсбук, посочувајќи дека очекува продолжување на добрите односи меѓу двете земји.
„Верувам дека добрите меѓудржавни односи, меѓусебното почитување и соработката меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат во интерес на граѓаните на Македонија и Србија“, напиша Мицкоски.
Студентската листа на предвремените парламентарни избори во Србија освои најголем број мандати, со што по 14 години ја прекина власта на Српската напредна партија (СНС), според изборните проекции.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
