Се ближи денот кога ДУИ ќе го одржи својот петтиот конгрес. Партијата на Али Ахмети на 20 декември ќе треба да ги сумира резултатите од своето делување. Ќе биде ли атмосферата свечена или траорна?
Ако се види дека се повеќе се ситни пратеничката група на коалицијата што ја предводи ДУИ, одговорот е јасен.
Последен удар зададе пратеникот Илир Демири, кој викендов, официјално го извести македонскиот парламент дека ќе продолжи да делува како независен. Тој беше избран од шестата изборна кога настапи во Коалицијата „Европски фронт” предводена од ДУИ.
Се секавате ли кога од ДУИ и СДСМ верглаа дека ВМРО-ДПМНЕ нема коалициски капацитет? Ама сега еве Али Ахмети може да види кој нема коалициски капацитет. Неодамна ги напушти Зијадин Села, а претходно ги откачи и Мендух Тачи. Се чини допорва следат откажувањата.
ДУИ на конресот ќе мора да си одговори – зошто никој не сака да соработува со нив?
