Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»Николоски: Во тек се околу 1.200 локални проекти со поддршка на Владата и изградба на шест автопати
    Економија

    Николоски: Во тек се околу 1.200 локални проекти со поддршка на Владата и изградба на шест автопати

    12/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во моментов низ Македонија се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка на Владата, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој посочи дека целта е да се подобри локалната инфраструктура и директно да се олесни секојдневниот живот на граѓаните.

    Според Николоски, Владата најпрво се фокусирала на улици, водоводи, канализации, тротоари, градинки, училишта и здравствени установи, а паралелно ги реализира и големите државни инфраструктурни проекти. Тој оцени дека поволните кредитни линии за стопанството поттикнале инвестициски циклус вреден најмалку 750 милиони евра во приватниот сектор.

    Николоски нагласи дека во државата во моментов истовремено се градат шест автопати, што, според него, е прв случај во Македонија и регионот. За автопатот Скопје–Блаце рече дека е обезбеден грант од околу 31 милион евра, а за изведувач е избрана компанијата „Гранит“. За автопатот Кичево–Охрид информираше дека досега се изградени 37 километри, од кои 34 километри веќе се пуштени во сообраќај, а летово ќе бидат отворени и нови делници. Според него, градежните работи на автопатот Гостивар–Букојчани се одвиваат подобро од очекувањата, а веќе се пробиени 17 од вкупно 31 километар.

    Николоски најави дека во следните десетина дена се очекува избор на изведувач за делницата Букојчани–Кичево, која ќе се реализира со поддршка од Европската банка за обнова и развој. За автопатот Битола–Прилеп рече дека е најдолгиот проект што моментално се гради и очекува првите 10 до 11 километри да бидат пуштени во употреба во првата половина на следната година.

    Министерот оцени дека динамиката на сите автопатски проекти е добра и дека во следните години Македонија ќе добие значително подобрена патна инфраструктура. Николоски порача дека ваков обем на истовремена изградба на автопати досега не бил забележан ниту во Македонија, ниту во регионот.

    Поврзани вести:

    Николоски најави набавка на девет патнички возови, пет електрични локомотиви и реконструкција на пругата Велес – Битола

    Николоски најави набавка на девет патнички возови, пет електрични локомотиви и реконструкција на пругата Велес – Битола

    До крајот на годината цената на струјата ќе остане иста, дециден е Мицкоски

    До крајот на годината цената на струјата ќе остане иста, дециден е Мицкоски

    Етериумот со најголем раст меѓу водечките криптовалути, биткоинот повторно над 82 илјади долари

    Етериумот со најголем раст меѓу водечките криптовалути, биткоинот повторно над 82 илјади долари

    Во март стартува директна авиолинија Дубаи – Скопје, трипати неделно, најави Муцунски

    Во март стартува директна авиолинија Дубаи – Скопје, трипати неделно, најави Муцунски

    Делови за „Ауди“ ќе се произведуваат во „Кромберт и Шуберт“, фабриката отвора 2.000 нови работни места во Битола

    Делови за „Ауди“ ќе се произведуваат во „Кромберт и Шуберт“, фабриката отвора 2.000 нови работни места во Битола

    На денешен ден пред 31 година беше отворена македонско-грчката граница по завршувањето на трговското ембарго

    На денешен ден пред 31 година беше отворена македонско-грчката граница по завршувањето на трговското ембарго

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Николоски најави набавка на девет патнички возови, пет електрични локомотиви и реконструкција на пругата Велес – Битола

    16/10/2026

    До крајот на годината цената на струјата ќе остане иста, дециден е Мицкоски

    16/10/2026

    Етериумот со најголем раст меѓу водечките криптовалути, биткоинот повторно над 82 илјади долари

    16/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.