Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»Вечерва во Античкиот театар се отвора 66. издание на фестивалот „Охридско лето“
    Култура

    Вечерва во Античкиот театар се отвора 66. издание на фестивалот „Охридско лето“

    12/07/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со гала-концертот „Љубов“ вечерва во Античкиот театар во Охрид свечено ќе биде отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. На отворањето ќе настапат светски познатата сопранистка Ермонела Јахо од Албанија и американскиот тенор Чарлс Кастроново, во придружба на Националната опера и балет под диригентската палка на Марко Боеми.

    Директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, истакна дека „Охридско лето“ веќе 66 години претставува мост меѓу културите и еден од најзначајните меѓународни културни настани во регионот. Фестивалот ќе трае 40 дена и ќе понуди околу 50 музички, театарски, балетски и џез-настани со учество на повеќе од 700 уметници од 24 земји. Во програмата годинава се вклучени и одбележувања на 100 години од раѓањето на оперската дива Ана Липша Тофовиќ и 60 години од основањето на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Ќе бидат организирани и тематски вечери посветени на повеќе европски држави, како и Вечер на Европската Унија.

    Новина во програмата се концертите на џез-музика што ќе се одржат од 13 до 16 август на сцените „Долни Сарај“ и „Света Софија“. Организаторите потсетуваат дека минатогодишното издание беше рекордно по посетеност, со повеќе од 10.000 посетители и публика од над 30 држави.

    Фестивалот се одржува под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со поддршка од Министерството за култура и туризам и А1 Македонија како генерален спонзор. Од фестивалот очекуваат и годинава „Охридско лето“ да биде силен промотор на македонската култура и туризам пред домашната и светската јавност.

    Поврзани вести:

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Весна Димитровска прогласена за најдобра актерка на меѓународен фестивал во Италија

    16/10/2026

    Вечерва во Битола се затвора јубилејното 35. издание на „Интерфест“

    10/10/2026

    Билјана С. Црвенковска гостува на „Денови на македонската поезија“ во Гетеборг

    05/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.