Се средуваат односите во владината коалиција, односно се смирува реториката на Билал Касами, еден од лидерите на ВРЕДИ и кандидат за нов мандат за градоначалник на Тетово. Имено тој по завршувањето на првиот изборен круг најави поддршка во Кичево за кандидатот на ДУИ во насока на сеалбанска поддршка. Но сега нагло сврте на друга страна и истакна дека не дава подршка на кадарот на ДУИ, иако е Албанец.
„Јас не можам да застанам во поддршка на еден кандидат кој му наштети на Кичево, истакна тој.
Воедно Касами омекна и околу цврстите изјави на нивниот кандидатот за градоначалник на Брвеница, Хаким Рамадани,кој на средба со иселеници во Хамбург, Германија, рекол дека „треба да се знае кој е газда на својата земја”. За Касами тоа биле само негови лични ставови, а не и на нивната коалиција.
Ова доаѓа по реакцијата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека вакви изјави можат само да им наштетат на кандидатите на ВРЕДИ во вториот круг, а за Рамадани од Брвеница рече дека прво ќе изгуби на изборите в недела, а потоа ќе биде разрешен од функцијата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







