Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Сараевската претстава „За цел живот“ вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар
    Култура

    Сараевската претстава „За цел живот“ вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар

    31/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Фестивалот на регионални театри РУТА вечерва ќе биде затворен со гостување на Градскиот театар „Сартр“ од Сараево, кој во 20 часот ќе ја изведе претставата „За цел живот“, во режија на Јасенко Пашиќ.

    Покрај режисерот, кој е и дел од актерската екипа, во претставата играат и Сеад Пандур, Аднан Кресо, Давор Сабо, Кемал Ризвановиќ и Дино Хамидовиќ.

    Темата на претставата е длабоко поврзана со историјата на фудбалскиот клуб Железничар од Сараево, симбол на градот и неговата упорност.

    „Сите нешта што се случувале во Сараево во последните сто години, поминувале и низ клубот Железничар. Кога градот згаснувал – згаснувал и клубот; кога градот се обновувал – се обновувал и клубот. Тоа не е само спорт, тоа е движење, емоција и вредносен систем,“ изјави режисерот Пашиќ.

    Преку развојот на клубот, претставата паралелно ја следи и урбанизацијата на Сараево, прикажувајќи ја љубовта кон градот и идеалите што ги поврзуваат луѓето.

    Писателот и драматург Бењамин Хасиќ објаснува дека делото е приказна за љубовта кон недофатливите нешта:

    „Ова не е само приказна за фудбалот, туку за духот на Сараево, за тоа како една заедница опстојува преку љубов, страст и заедништво. Претставата ги разнишува предрасудите за фудбалските навивачи и ја покажува нивната човечност и искреност.“

    Со „За цел живот“, РУТА завршува уште едно успешно издание, кое и оваа година го збогати театарскиот живот во Скопје со претстави од регионот исполнети со емоција, хумор и длабоки човечки приказни.

    Фото: Принтскрин/Facebook

    драмски театар за цел живот затворање сараевска претстава фестивал рута
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Модна ревија и изложба на италијански очила: Oд 1940 до денес во Скопје

    16/04/2026

    ГТЦ станува фестивалска сцена: „Malomfesztivál“ гостува овој викенд

    16/04/2026

    Отворена изложбата „Инспирации“ до 26 Април: Европски искуства за Скопје 2028 во Музејот на град Скопје

    16/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.