Враќање во минатото.
Што се случило на денешен ден?
Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ
На денешен ден во 1534 година, англискиот парламент го усвоил Актот на надмоќ, со кој кралот Хенри VIII бил поставен на чело на Англиската црква, одземајќи му ја власта на папата. Ова следело по конфликтот со папата Лав X, кој одбил да го поништи бракот на Хенри со Катерина Арагонска и да ја легализира врската со Ана Болен.
На овој датум во 1801 година, е роден италијанскиот композитор Винченцо Белини, еден од најпознатите творци на италијанското белканто. Негови познати опери се „Норма“, „Пуританци“, „Пират“ и „Капулети и Монтеки“.
На денешен ден во 1852 година, е роден јапонскиот император Муцухито – Меиџи, кој владеел од 1867 до 1912 година. За време на неговото владеење, Јапонија се трансформирала од феудална земја во модерна капиталистичка држава, а главниот град бил преселен од Кјото во Токио.
На денешен ден во 1903 година, Панама прогласила независност од Колумбија со поддршка на САД, кои испратиле воен брод за да го спречат колумбиското вмешување.
На овој датум во 1912 година, е роден Алфредо Стреснер, диктатор на Парагвај, кој владеел со железна рака од 1954 до 1989 година, кога бил соборен со државен удар.
На денешен ден во 1918 година, избувнал морнарски бунт во германското пристаниште Кил, кој се проширил во Хамбург, Либек и Бремен, што ја забрзало капитулацијата на Германија во Првата светска војна.
На овој датум во 1918 година, претставниците на Австроунгарската армија ја потпишале капитулацијата во Падова, со што завршила 700-годишната Хабсбуршка монархија.
На денешен ден во 1946 година, јапонскиот император Хирохито се откажал од божествениот статус, а земјата преминала на парламентарен систем со демократски избори.
На денешен ден во 1956 година, Велика Британија и Франција прифатиле прекин на огнот на Блискиот Исток, откако Обединетите нации побарале мировници во Суецкиот канал.
На овој датум во 1957 година, Советскиот сојуз го лансирал Спутник 2, првиот сателит со жив организам – кучето Лајка, кое станало симбол на почетокот на животните експерименти во вселената.
На овој датум во 1970 година, Салвадор Аљенде станал претседател на Чиле, првиот марксист кој бил избран на слободни избори во западната хемисфера.
На денешен ден во 1996 година, починал Жан-Бедел Бокаса, поранешен император на Централноафриканската Република, кој сам се крунисал во 1976 година и бил соборен во 1979 година.
На овој датум во 1998 година, починал Боб Кејн, американски цртач и аниматор, креаторот на легендарниот лик Бетмен.
Н
а денешен ден во 2002 година, Партијата на правдата и развојот во Турција победила на изборите, но нејзиниот лидер Таип Ердоган не можел веднаш да стане премиер поради претходна судска пресуда.
На овој датум во 2005 година, починала Аен Бурда, основач на модната издавачка куќа „Бурда-Моден“, една од највлијателните жени во германската мода.
На денешен ден во 2015 година, Обединетите нации соопштиле дека дете без државјанство се раѓа на секои 10 минути, предупредувајќи дека сириската војна ја продлабочила најтешката мигрантска криза во Европа по Втората светска војна.

