Џонатан Бејли е прогласен за најсекси маж во светот за 2025 година според познатата анкета на списанието People.
Изборот бил објавен во понеделникот вечерта во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“.
– Ова е огромна чест. Неверојатно сум почестен. И тоа е сосема апсурдно, беше тајна, па затоа сум многу возбуден што некои пријатели и семејство ќе дознаат“, изјавил Бејли за People, коментирајќи ја титулата.
View this post on Instagram
Џонатан (37) е опишан од многумина како исклучително шармантен и духовит, а неговиот изглед не може да се игнорира.
Ова е прв пат People да избере геј маж да ја носи оваа престижна титула.
Во изминатите пет години, Бејли ги освои срцата како Лорд Ентони во „Бриџертон“ и доби номинација за Еми за неговата улога како таен конгресмен во „Сопатници“ на Showtime.
Бејли објасни дека првпат слушнал дека е најсекси маж на почетокот на 2025 година, кога се појавил во продукција на Шекспировиот „Ричард II“.
View this post on Instagram
– Единственото нешто што беше полудо од работењето на „Ричард II“ беше тоа што бев поканет за ова.
Почеста „Најсекси маж на светот“ на списанието „People“ е годишна тема на изданието од 1985 година, а првиот добитник на наградата е Мел Гибсон. Победникот во 2024 година беше Џон Красински. Други неодамнешни добитници на наградата се Патрик Демпси, Крис Еванс, Пол Рад, Мајкл Б. Џордан и Џон Леџенд.
Фото: Принтскрин/Instagram
