Што е ново во Скопје? Инфоскоп – Урбани вести на Прва Скопска ТВ. Секој работен ден во 16.00,18:00, 23:10 и 07:10 часот. https://youtu.be/y9cBnD3vt2c?si=Qh65MQRm9hXl_U3d
Автор: Никола Тасев
Изборна хроника на Прва Скопска ТВ, секој ден од 17.00; 19.00 и 23.20 часот. Најновите активности на кандидатите за градоначалници за скопските општини и за Град Скопје. https://youtu.be/RkaaoEtfjKs?si=Y_J-3nkJm4CGxg7U
Враќање во минатото. Што се случило на денешен ден? Дневен времеплов на ПРВА СКОПСКА ТВ https://youtu.be/hC8oBHyz2Io?si=pGsF0qVcfipMZHJ2
Блиц вести на Прва Скопска ТВ. Бидете во тек со најновите вести од Македонија и светот. На секој час. https://youtu.be/2ZNA4n0yrzA?si=zH_Hs5FIJ8wlO5OL
Во САД избувна хаос поради недостиг на контролори на воздушниот сообраќај, предизвикувајќи бројни доцнења на летовите, при што во еден ден биле одложени повеќе од 2.500 летови. Причина за кризата е делумна суспензија на работата на федералната власт и фактот што многу контролори работат без плата. Повеќе од 13.000 контролори и 50.000 службеници продолжуваат да работат и покрај тоа што не примаат плата.
Индија започна преговори со Русија за купување на пет дополнителни системи за противвоздушна одбрана С-400, во вредност од околу 5 милијарди долари. Според тамошните медиуми, три системи ќе бидат директно купени, а преостанатите два би можеле да се произведуваат во Индија преку трансфер на технологија. Се очекува договорот да биде финализиран до крајот на годината, за кога е најавена посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Индија.
Денеска од Струмица претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави можност за предвремени парламентарни избори. Тој изјави дека по очекуваната победа на неговата партија на локалните избори, можни се две варијанти на дејствување. „Очекувам по локалните избори да влеземе во еден циклус на засилен инвестициски бран и логично е да се предизвикаат предвремени парламентарни избори за да се обезбеди нов четиригодишен мандат. Ако тоа го гледаме како политичка одлука би се согласил, но ако го гледаме од државна логика тогаш поинаку размислуваме – ние сакаме да ја ставиме државата пред се и интересот на стопанствениците, за да имате предвидлива иднина, да…
Додека траат преговорите за мир во Појасот Газа, објавена е бројката на речиси 63.000 Палестинци загинати досега во конфликтот меѓу Хамас и Израел. Пojасот Газа е речиси целосно разрушен, а стотици илјади луѓе се раселени. На маса на преговарачите е мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидува создавање меѓународна преодна управа во Газа, под раководство на поранешниот британски премиер Тони Блер. Управата би траела од три до пет години, со цел постепен пренос на власта на „реформирана палестинска власт”.
Околу 500 лица го опкружиле автомобилот на еквадорскиот претседател Даниел Нобоа во провинцијата Канар. Напаѓачите фрлале камења кон возилото, а се забележани и оштетувања од истрели. Претседателот не бил повреден при нападот. Полицијата уапсила пет лица по инцидентот и ги обвинила за обид за атентат. Во Еквадор веќе две недели се протестира поради укинувањето на субвенциите за нафтата, а демонстрациите ги организира Конфедерацијата на автохтони народи, која за нападот соошти дека војската прва ги нападнала демонстрантите.
Во Индија, дел од рид се срушил врз автобус, при што најмалку 18 лица загинале, а повеќе останале заробени под одронот. Во автобусот имало околу 35 патници. Постои загриженост дека бројот на жртвите ќе се зголеми. Спасувачките екипи на терен, со багери ги расчистуваат одроните и ги вадат патниците. Индиската влада на семејставта на загинатитре ќе им исплати сума од околу 2.500 долари, а на повредените по 500 долари.