Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»ВМРО-ДПМНЕ: Платите и пензиите растат побрзо отколку во времето на СДСМ и ДУИ
    Политика

    ВМРО-ДПМНЕ: Платите и пензиите растат побрзо отколку во времето на СДСМ и ДУИ

    29/08/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Платите и пензиите во периодот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат со значително побрзо темпо отколку за време на претходната власт, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партиските пресметки, просечната плата од околу 22.800 денари во јуни 2017 година достигнала 41.250 денари во мај 2024 година, што е раст од повеќе од 18.400 денари за седум години. Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека тоа претставува просечен месечен раст од околу 220 денари. За споредба, посочуваат дека просечната плата од околу 40.900 денари во јули 2024 година се зголемила на повеќе од 49.500 денари во мај 2026 година. Според нивната пресметка, станува збор за раст од околу 8.600 денари за 23 месеци, односно во просек над 370 денари месечно.

    Од партијата тврдат дека уште поголема разлика има кај пензиите, при што просечната старосна пензија од помалку од 15.300 денари во јуни 2017 година пораснала на над 22.900 денари во мај 2024 година. Во јули 2024 година таа изнесувала околу 22.850 денари, а во мај 2026 година достигнала повеќе од 29.700 денари, што според ВМРО-ДПМНЕ е зголемување од над 6.800 денари за 23 месеци.

    Партијата оценува дека овие податоци покажуваат оти нивните економски политики обезбедуваат побрз раст на приходите и поголема економска сигурност за граѓаните. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека разликата во динамиката на раст на платите и пензиите ја покажува успешноста на актуелната Влада во споредба со периодот на владеење на СДСМ и ДУИ. Оттаму најавуваат продолжување на политиките за повисоки плати и пензии, нови инвестиции, отворање работни места и создавање поконкурентна економија.

    Поврзани вести:

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Партиски препукувања за бегството на Ива Михаилова во Бугарија

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    Собранието денеска на нова седница, Мицкоски и министрите на опозициски пратенички прашања

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    „12:05“ со тешки обвинувања: Што било договорено на средбата Муцунски – Чамова?

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    СДСМ: Договорот за Ива Михаилова е само еден случај од многуте

    15/10/2026

    Милошоски: Вето на една членка е доволно за блокирање на македонскиот јазик во ЕУ

    15/10/2026

    Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, Владата води дијалог со Бугарија

    14/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.