Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека убедливата победа на АфД на изборите во Саксонија-Анхалт претставува сериозен удар за неговата ЦДУ. АфД освои околу 44 проценти од гласовите, додека ЦДУ го преполови резултатот во споредба со изборите од пред пет години.
„Овој исход го потресе ЦДУ до темел и не можеме едноставно да продолжиме како ништо да не се случило“, изјави Мерц, додавајќи дека пораката се однесува и на сојузната влада. Според него, ЦДУ во оваа источногерманска покраина не успеала да воспостави „емоционална поврзаност со избирачите“, што партијата не смее да го игнорира.
Мерц оцени дека особено загрижува тоа што АфД успеала да мобилизира голем број граѓани кои претходно не излегувале на избори. Сепак, тој категорично ја отфрли можноста за соработка со АфД, оценувајќи дека станува збор за партија која сака да ја уништи ЦДУ и со која не е можен никаков облик на соработка.
