Автор: K.

Во петок на „Боемска“ улица во Центар, Општината организира вечер посветена на македонското културно наследство, народната песна и фолклорот со настап на КУД „Орце Николов“, ВИС „Интрада“ и популарните пејачи Блага Петреска и Наум Петрески. -Со овој настан сакаме да ја споделиме таа љубов и со помладите генерации, затоа што традицијата се чува кога ја живееме и ја пренесуваме. Ги поканувам граѓаните да ни се придружат на Боемска, да запееме и заедно да уживаме во богатството на македонската музика и фолклор – порача градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Прочитај Повеќе

Град Скопје го раскина договорт склучен во мај годинава со „Мастеф“ вреден 10 милиони евра за изградба на Луна Парк како и набавка и монтажа на 16 нови реквизити. Локалната самоуправа не даде информација зошто е раскинат договорот со фирмата која новиот забавен парк требаше да го заврши до крајот на 2027 година. Скопје е без забавен парк повеќе од една деценија иако сите скопски градоначалници ветуваа дека во својот мандат ќе изградат нов и поатрактивен Луна Парк.

Прочитај Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, учествуваше на Форумот на идни глобални лидери во Дубаи, организиран од Светскиот економски форум, каде говореше на сесијата „Trade in a Changing World“. Во своето обраќање, Муцунски се осврна на промените што го зафаќаат глобалниот трговски систем, сè поголемата геоекономска конкуренција и потребата меѓународните институции да се прилагодат на новите услови во 21 век. Според него, предизвиците со кои се соочува светската трговија бараат преиспитување на постојниот модел и заеднички напори за негово модернизирање. „Кога постојат оние што го доведуваат во прашање сегашниот модел, мора да погледнеме и кон самите себе…

Прочитај Повеќе

Триесет и четиригодишен државјанин на Црна Гора е приведен на граничниот премин Табановце откако било утврдено дека со автомобил управувал со речиси двојно поголема брзина од дозволената. Како што информира Министерството за внатрешни работи, случајот бил откриен на 14 октомври во 14:25 часот, при излез од државата. Полициските службеници извршиле проверка на возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, управувано од М.Н. (34), при што преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека е евидентиран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според податоците од системот, претходно на автопатот Скопје – Граничен премин Табановце, кај клучката Дељадровци, возачот се…

Прочитај Повеќе

Десетици илјади студенти излегоа на улиците во Тирана во знак на протест против состојбите во образованието, зголемените трошоци и корупцијата, а демонстрациите прераснаа во жестоки судири со полицијата. Албанските полициски сили употребија водни топови и солзавец за да ги растераат демонстрантите, при што според првичните информации има десетици повредени полицајци и учесници во протестот. За време на нередите, демонстрантите фрлале камења кон полицијата, а биле предизвикани и материјални штети. Запалена била зградата на Министерството за образование, како и две банки во близина. Протестирачите превртувале контејнери за отпад и кршеле излози на продавници и деловни објекти. Протестите претставуваат еден од најсериозните…

Прочитај Повеќе

Колумбија вчера официјално ја отвори својата амбасада во Ерусалим, што претставува значаен пресврт во односите со Израел по периодот на дипломатски прекин меѓу двете земји. Одлуката следува откако новиот конзервативен претседател Абелардо де ла Есприела ги обнови дипломатските врски со Израел, кои беа прекинати од неговиот претходник поради несогласувањата околу војната во Појасот Газа. Колумбиското Министерство за надворешни работи отворањето на амбасадата го оцени како „дипломатска пресвртница“, додека израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар порача дека станува збор за значаен ден за односите меѓу двете земји и за Ерусалим, кој Израел го смета за свој главен град. Колумбија и…

Прочитај Повеќе

Две лица го загубија животот во поплавите што го погодија Истанбул по обилните врнежи во средата. Меѓу жртвите е и 14-годишно момче кое починало од струен удар, како и 34-годишен човек кој настрадал откако паднал во надојдената вода и не успеал да се извлече. Првата несреќа се случила во населбата Балат, во општината Фатих. Четиринаесетгодишниот М. И. нагазил во насобрана вода во близина на паркот Чукурбостан, по што добил струен удар. И покрај итната интервенција и транспортот во болница, лекарите не успеале да го спасат неговиот живот. За случајот е отворена истрага. Втората жртва е 34-годишниот С. Ј., кој загинал…

Прочитај Повеќе

Во октомври 1995 година беше повторно отворена македонско-грчката граница, со што заврши 20-месечното трговско ембарго што Грција го воведе кон Република Македонија во февруари 1994 година. Ембаргото беше воведено во период на сериозно заладени односи меѓу двете земји поради спорот околу името на државата, знамето и прашањата поврзани со историскиот и националниот идентитет. Со воведените мерки беа ограничени трговските врски меѓу двете држави, а една од најзначајните последици беше затворањето на пристаништето во Солун за македонските стоки. Тоа создаде големи проблеми за македонските компании, кои зависеа од транспортните и трговските коридори преку Грција. Економските последици од блокадата се почувствуваа низ…

Прочитај Повеќе

Студенти по медицина и биомедицински науки, професори, лекари и истражувачи од земјава и странство од денеска до 18 октомври ќе учествуваат на четвртиот Меѓународен конгрес на Факултетското студентско собрание (4th ICOF), кој ќе се одржи во Скопје. Конгресот е во организација на Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а годинашното издание се одржува под мотото „…AND BEYOND“, со цел да ја поттикне научната размена, практичното учење, меѓународната соработка и унапредувањето на медицинското образование. На свеченото отворање ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска. Во рамки на програмата ќе бидат организирани предавања…

Прочитај Повеќе

Жителите на делови од скопските општини Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа. Од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје информираат дека, според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекините во снабдувањето со електрична енергија се поради технички активности на мрежата. Во општина Кисела Вода, без струја од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат корисниците на улицата „Партизански пат 2“. Во општина Ѓорче Петров, пак, без електрична енергија од 9:00 до 15:30 часот ќе останат жителите на улицата „2“ во селото Орман. Од надлежните апелираат граѓаните да ги земат…

Прочитај Повеќе