Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Студенти во Албанија најавија формирање нова политичка партија
    Свет

    Студенти во Албанија најавија формирање нова политичка партија

    26/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Група албански студенти, професори, експерти од различни области и претставници на дијаспората најавија формирање нова политичка партија под името „Обединети за Албанија“, објави „Танјуг“.

    Иницијативата, според нејзините основачи, има за цел да ги обедини граѓаните кои се залагаат за модел на управување заснован на правда, транспарентност, одговорност и вреднување на професионалните способности и заслуги.

    Студентка која ја претставуваше иницијативата посочи дека новото политичко движење треба да им обезбеди на граѓаните институционален механизам преку кој ќе можат да бараат промени и да учествуваат во политичките процеси во земјата.

    Таа нагласи дека иницијаторите немаат намера да се ограничат на политички ветувања, туку да воспостават јасни и мерливи стандарди за своето дејствување.

    „Ние не даваме ветувања, туку поставуваме стандарди. Секое наше залагање ќе има мерлива цел, конкретна одговорност, трошок и рок. Јавно ќе го следиме исполнувањето и ќе вршиме контрола. Доколку нешто не оствариме, ќе објасниме зошто и ќе покажеме на кој начин ќе го исправиме тоа“, рече таа.

    Покрај студентите, во иницијативата се вклучени универзитетски професори, претставници на дијаспората и лица со професионално искуство во различни области.

    Во меѓувреме, иницијаторите веќе започнале со собирање на потребните потписи за основање на новиот политички субјект.

    Претставниците на „Обединети за Албанија“ најавија дека во наредните денови ќе организираат средби со граѓаните во повеќе градови и села низ земјата, каде што ќе ги претстават своите цели и заложби, но и ќе собираат потписи за формализирање на иницијативата.

    Најавени се и дополнителни јавни настапи, на кои ќе бидат презентирани повеќе информации за организациската структура на движењето, неговото идно функционирање и следните чекори кон формирање политичка партија.

    Поврзани вести:

    Израел пред формирање нова влада, Ајзенкот ги интензивира коалициските преговори

    Израел пред формирање нова влада, Ајзенкот ги интензивира коалициските преговори

    Путин најави продолжување на инвестициите во сопствена вештачка интелигенција

    Путин најави продолжување на инвестициите во сопствена вештачка интелигенција

    Обвинителството бара притвор за сопственикот и главен уредник на српски „Информер“

    Обвинителството бара притвор за сопственикот и главен уредник на српски „Информер“

    Уапсени двајца Ирачани во Германија, осомничени за подготовка на терористички напади

    Уапсени двајца Ирачани во Германија, осомничени за подготовка на терористички напади

    Унгарија нема да го прифати новиот буџет на ЕУ доколку треба да плаќа повеќе

    Унгарија нема да го прифати новиот буџет на ЕУ доколку треба да плаќа повеќе

    Земјите од Западен Балкан во Брисел добија поддршка за евроинтеграцијата и нов пакет финансиска помош

    Земјите од Западен Балкан во Брисел добија поддршка за евроинтеграцијата и нов пакет финансиска помош

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Израел пред формирање нова влада, Ајзенкот ги интензивира коалициските преговори

    26/11/2026

    Путин најави продолжување на инвестициите во сопствена вештачка интелигенција

    26/11/2026

    Обвинителството бара притвор за сопственикот и главен уредник на српски „Информер“

    26/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.