Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Хроника»Трагедија во Прилеп: Загина работник во „Мермерен комбинат“
    Хроника

    Трагедија во Прилеп: Загина работник во „Мермерен комбинат“

    26/11/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Педесет и четиригодишен работник го загуби животот по несреќа на работното место во компанијата „Мермерен комбинат“ во Прилеп, откако се здобил со тешки телесни повреди за време на ноќната смена.

    Станува збор за Т.Г. (54), кој веднаш по несреќата бил пренесен во прилепската болница, каде што му била укажана итна медицинска помош.

    И покрај брзата реакција и напорите на медицинскиот персонал, работникот утрово им подлегнал на здобиените повреди.

    Раководството и вработените во „Мермерен комбинат“ изразија длабоко сочувство до семејството, роднините и најблиските на починатиот работник.

    По пријавувањето на несреќата, надлежните институции започнале увид на местото на настанот, со цел да се утврдат причините и околностите под кои работникот се здобил со фаталните повреди.

    Од компанијата најавија целосна соработка со надлежните институции во процесот на расветлување на случајот, истовремено упатувајќи апел за почитување на приватноста на семејството на починатиот во овие тешки моменти.

    Засега не се соопштени дополнителни детали за начинот на кој се случила несреќата. Причините за трагичниот настан треба да бидат утврдени по завршувањето на увидот.

    Поврзани вести:

    Пожар во станбена зграда во Охрид: Осум лица во болница, приведен 55-годишен маж

    Пожар во станбена зграда во Охрид: Осум лица во болница, приведен 55-годишен маж

    Голема полициска акција во Берово: Пронајдени уметнички слики, злато, 8.000 евра и фалсификувани банкноти

    Голема полициска акција во Берово: Пронајдени уметнички слики, злато, 8.000 евра и фалсификувани банкноти

    Скопјанец со остар предмет им се заканувал на своите двајца синови

    Скопјанец со остар предмет им се заканувал на своите двајца синови

    Кичевец упатувал закани кон новинарот Кристијан Ландов, полицијата го повикала на разговор

    Кичевец упатувал закани кон новинарот Кристијан Ландов, полицијата го повикала на разговор

    Кривична пријава за директорот на „Стогово“ и уште пет лица поради злоупотреби со сеча и транспорт на дрва

    Кривична пријава за директорот на „Стогово“ и уште пет лица поради злоупотреби со сеча и транспорт на дрва

    Затворски полицаец од Струмица пријавен за продажба на кокаин, муниција и кражба

    Затворски полицаец од Струмица пријавен за продажба на кокаин, муниција и кражба

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Пожар во станбена зграда во Охрид: Осум лица во болница, приведен 55-годишен маж

    26/11/2026

    Голема полициска акција во Берово: Пронајдени уметнички слики, злато, 8.000 евра и фалсификувани банкноти

    26/11/2026

    Скопјанец со остар предмет им се заканувал на своите двајца синови

    24/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.