Две лица од Неготино и неготинското село Дуброво се лишени од слобода откако полицијата при претреси во нивните домови пронашла наркотични средства и други предмети.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Неготино ги привеле Д.Д. (45) од село Дуброво и Б.М. (26) од Неготино.
По претходно издадени судски наредби од Основниот суд во Кавадарци, полициските службеници извршиле претреси во домовите и помошните простории кои ги користеле лицата.
При претресот кај Д.Д., полицијата пронашла и одзела марихуана, додека кај Б.М. биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, пари и ризли.
Двете лица биле приведени во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител.
Од МВР додаваат дека по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.
