Денеска се навршуваат 31 година од атентатот врз првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров – еден од најтешките и најнеразјаснетите настани во поновата македонска историја. Атентатот беше извршен на 3 октомври 1995 година, околу 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ во Скопје. Во моментот кога службеното возило на Глигоров се движело кон Собранието, била активирана автомобил-бомба поставена во „цитроен ами 8“, во кој биле скриени околу 20 килограми експлозив. Според истрагата, експлозивната направа била активирана со далечински управувач, а непосредно пред експлозијата движењето на колоната било забавено од автомобил „фиќо“. Глигоров го преживеа нападот, но се здоби…
Автор: K.
Земјите од Г7 договорија координирано ослободување на до 100 милиони барели нафта и дизел од стратешките резерви, со цел да се намали притисокот врз светските енергетски пазари и да се спречи дополнителен раст на цените. Според одлуката, мерката ќе започне веднаш и ќе се спроведува во период од четири месеци. Во првите 20 дена е предвидено значително пуштање на дизел на пазарот, а доколку биде потребно, земјите членки ќе разгледаат и дополнителни количини. Лидерите на Г7 истовремено се согласија меѓу себе да не воведуваат ограничувања за извоз на енергенси и енергетски производи, со што сакаат да обезбедат постабилно снабдување и…
Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе ја пречека селекцијата на Шкотска во натпревар од третото коло во Лигата на нации. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски влегуваат во дуелот во серија од шест натпревари без постигнат погодок, па главната цел ќе биде конечно да се прекине голгетерскиот пост и да се стигне до позитивен резултат пред домашната публика. Напаѓачот Бојан Миовски предупредува дека Македонија ја очекува исклучително тежок предизвик против силен противник, но верува дека тимската игра може да донесе успех. „Шкотска е одлична репрезентација, имаат квалитетни играчи и знаеме каде настапуваат. Ние играме дома…
Утрово времето ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а утринските температури ќе се движат од -2 до 7 степени. Во најтоплиот дел од денот се очекуваат максимални температури од 18 до 27 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 3 степени, а дневната ќе достигне до 26 степени. Според прогнозата на УХМР,…
Скопје утревечер ќе живее во ритамот на „Бела ноќ“, а за посетителите се обезбедени и неколку поволности што ќе овозможат манифестацијата да трае подолго и полесно да се посетуваат различните локации. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека по повод „Бела ноќ“ работното време на угостителските објекти на подрачјето на градот ќе биде продолжено за два часа. Бесплатен ќе биде и автобускиот превоз со возилата на ЈСП. Граѓаните ќе можат бесплатно да се превезуваат од 18 часот на 3 октомври до 5 часот на 4 октомври. Без наплата ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Манифестацијата ќе се…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Скопје оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во официјална посета на земјава. На средбата, Сиљановска-Давкова ја поздравила посветеноста на Европската унија кон Западен Балкан и посебно го истакнала придонесот на Фон дер Лајен во поддршката на европската перспектива на регионот. Според македонската претседателка, Македонија, иако не е меѓу земјите од Западен Балкан кои формално се сметаат за најнапредни во евроинтегративниот процес, според техничката подготвеност и усогласеноста со европската надворешна и безбедносна политика заслужува да има место меѓу нив. Сиљановска-Давкова оценила дека застојот во европските интеграции е поврзан со…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска официјално побара средба меѓу шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и неговата бугарска колешка Велислава Петрова-Чамова. Средбата би се одржала следната недела во рамки на министерскиот состанок посветен на Коридорот 8, кој ќе се одржи во Софија. Од Министерството за МНР и надворешна трговија за МИА потврдиле дека барањето за средба е веќе испратено. Иницијативата следува по вчерашната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје и нејзината средба со премиерот Христијан Мицкоски. Мицкоски на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен откри дека од неа добил совет како…
Во Кочани денеска беше пуштен во употреба нов Дневен центар наменет за лица со попреченост, кој треба да обезбеди поддршка, социјализација и активности за подобрување на самостојноста на корисниците. На отворањето присуствуваа министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, Саит Саити. Министерот Велковски информираше дека Центарот ќе нуди активности за личен развој, социјална интеграција и поддршка приспособена според индивидуалните потреби и можности на секој корисник. „Има капацитет за 12-мина корисници месечно и е наменет за лицата над 26-годишна возраст, со тешка телесна, интелектуална…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) реагираше по доставувањето на реформските предлози од Платформата „Разговори за иднината во 12:05“, оценувајќи дека станува збор за обид за внатрешно слабеење на партијата и опозицискиот блок. Од СДСМ платформата ја нарекоа „ЗНАМ 2.0“, обвинувајќи дека наместо искрена иницијатива за реформи, таа има за цел преземање на партијата и создавање нов политички субјект. Во реакцијата од партијата наведуваат дека содржината на писмото, кое според нив требало да биде доставено како интерен документ, веднаш се појавила во медиуми блиски до власта. Од СДСМ посочуваат дека зад предлозите стојат 17 потписници, кои, како што велат, се обидуваат…
Општина Бутел продолжува со активностите за подобрување на комуналната инфраструктура и создавање почиста животна средина за жителите. Од Општината информираат дека на повеќе локации се поставуваат нови контејнери, со што се зголемуваат местата каде граѓаните ќе можат правилно да го одлагаат отпадот и да се спречи создавање на диви депонии. Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, посочи дека овие активности се дел од заложбите за решавање на секојдневните проблеми на граѓаните и подобрување на изгледот на општината. „Се зголемуваат бројот и просторот каде што ќе можат нашите граѓани да го фрлаат отпадот и да не се создаваат диви депонии. Го…