Автор: K.

Сообраќајот на мостот „Близнак“ во Скопје утре привремено ќе биде во прекин во времетраење од два часа поради санација на оштетената заштитна ограда. Од ЈП „Улици и патишта“ Скопје информираат дека градежните активности ќе се изведуваат на делницата од крстосницата со улицата „Индустриска“ до крстосницата со булеварот „АСНОМ“. За време на изведбата на работите, привремено ќе бидат затворени двете коловозни ленти, поради што сообраќајот ќе биде целосно во прекин на овој потег. Од претпријатието посочуваат дека местото на изведување на работите ќе биде соодветно обезбедено и обележано со сообраќајна сигнализација, а до возачите апелираат да ја почитуваат поставената сигнализација и…

Прочитај Повеќе

Турција започна да испорачува одбранбена и техничка воена помош за Саудиска Арабија како дел од поддршката во справувањето со нападите на јеменските хути, кои имаат поддршка од Иран, потврдија турски официјални претставници. Овој чекор следува по договорот за заедничка одбрана што Турција, Пакистан и Саудиска Арабија го потпишаа во август во Мека. Со договорот е предвидено секој вооружен напад врз една од трите држави да се смета за напад врз сите членки, а оттогаш интензивно се координираат политичките и воените активности. Пред неколку дена трите земји објавија дека започнуваат со практична примена на договорот, вклучително и можност за брзо распоредување…

Прочитај Повеќе

Започна целосната реконструкција на паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје, проект со кој се предвидува обновување на пешачките патеки, урбаната опрема и зелените површини. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информираше дека во рамки на зафатот ќе бидат заменети постојните подни плочки и пешачки патеки со мермерни, со цел паркот да добие поуреден и поквалитетен изглед. Покрај тоа, планирана е реставрација на постојната урбана опрема, како и дополнително хортикултурно уредување на просторот. Според најавите, реконструкцијата ќе ги опфати и деловите околу Градскиот трговски центар, скалите и друга дотраена инфраструктура во непосредната околина. Градежните активности веќе се во тек, а за непречено одвивање…

Прочитај Повеќе

СДСМ обвини дека пратениците на Левица не присуствувале во собраниската сала за време на гласањето за предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра. Од партијата наведуваат дека предлогот не добил поддршка и поради тоа што, како што тврдат, пратениците на Левица не биле присутни, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН не гласале за предложеното зголемување. Од СДСМ додаваат дека во салата не биле ниту пратениците од ДУИ. Според нив, за зголемување на минималната плата гласале само пратениците од СДСМ и коалицијата, како и пратеникот Миле Цеков. „Уште еднаш се потврди дека СДСМ е единствената вистинска опозиција која…

Прочитај Повеќе

Тетовец пријавил случај на вознемирување на неговата малолетна ќерка, по што полицијата привела едно лице. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 5 октомври 2026 година во 18:35 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Р.(45) од Тетово, по претходна пријава поднесена од 52-годишен жител на градот. Според пријавата, лицето било посочено дека на 30 септември ја вознемирувало малолетната ќерка на пријавителот. Од полицијата велат дека случајот се документира, а по завршување на целосната постапка ќе биде поднесена соодветна пријава.

Прочитај Повеќе

Министерството за здравство обезбеди информации за двете серии вакцини бесеже за кои се тврди дека има несакани ефекти, тоа се серии од 2022 и 2023 година и нивните рокови и употребата во Македонија е завршена пред повеќе месеци и во моментов тие серии не се во употреба, соопшти министерот Сашо Клековски. Тој рече дека дале упатство за прекинување на вакцинацијата со бесеже на новородените деца во сите болници каде се врши вакцинацијата со вакцината од производителот од Бугарија, за која се тврди во Хрватска дека предизвикала несакани ефекти. За да се обезбеди континуитет на оваа важна вакцина, Клековски посочи дека,…

Прочитај Повеќе

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на брифинг со новинарите посочи дека најмногу поплаки се однесуваат на работата и работничките права, а особено загрижувачки се случаите со бремени жени кои остануваат без работа откако газдите ќе ги информираат за бременоста. Според изнесеното, Комисијата во изминатите три години добила „повеќе од дваесет и една претставка“ што се однесуваат на дискриминација врз бремени жени со нерегулиран работен однос, односно со договори на определено време. Комисијата најави и отворање ресурсен центар преку кој граѓаните и организациите ќе имаат полесен пристап до информации, анализи и извештаи поврзани со заштитата од дискриминација, . До…

Прочитај Повеќе

Официјална Софија вчера ја потврдила билатералната средба на македонскиот министер за надворешна политика Тимчо Муцунски и неговата колешка Велислава Петрова -Чамова, но за форматот и начинот дополнително ќе известат со дипломатска нота, соопшти премиерот Христијан Мицкоски. -Нашите пораките се јасни, дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба во којашто во моментот се наоѓаме, дека ние сме за добрососедски односи и ние сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел, да бидеме дел од Европската Унија, нешто што многу одамна го заслуживме – истакна Мицкоски. Премиерот ја коментираше и најавената реформа на процесот на проширување,…

Прочитај Повеќе

Општина Ѓорче Петров е домаќин и партнер на состанокот на UrbanGreenLeap, проект во рамки на програмата Interreg Euro-MED на кој се разменуваат искуства и идеи за позелени градови и поквалитетни јавни простори. -Нашиот пилот-простор во Волково го планираме како мултифункционално и достапно место за сите. Во неговото создавање ќе учествуваат експерти, локални чинители и, најважно, граѓаните што ќе го користат. Искуството од Волково ќе ни помогне подобро да го планираме зеленилото низ целата општина- објави градоначалникот Александар Стојкоски. Проектот се реализира со партнери од Словенија, Грција, Хрватска, Црна Гора Италија и Шпанија.

Прочитај Повеќе

Општина Гази Баба започна со обележување и освежување на пешачките премини на територијата на Општината, за да се создадат побезбедни услови за пешаците – за децата на пат кон училиште, за повозрасните и за секој наш сограѓанин, соопштија од таму. Општината апелира до возачите да ја намалат брзината, да бидат внимателни и да им даваат предност на пешаците. На пешаците им порача да ги користат обележаните премини и да преминуваат внимателно бидејќи безбедноста е заедничка одговорност.

Прочитај Повеќе