Царинската управа соопшти дека е спречен обид за меѓународен транспорт на 79 килограми марихуана преку граничниот премин „Дојран“, при што се приведени пет лица осомничени за вмешаност во нелегална трговија со дрога. Акцијата била реализирана од мобилните тимови на Царинската управа по добиени информации од Одделот за разузнавање. При контролата бил запрен камион, а возачот, државјанин на Босна и Херцеговина, бил приведен. Од Одделот за истраги, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, започнале предистражна постапка со цел да се утврди целата криминална мрежа и улогата на инволвираните лица. Според досегашните сознанија, камионот претходно влегол во земјава…
Автор: K.
Ненад Димитријевиќ продолжува да ја потврдува улогата на лидер во дресот на Арис. Македонскиот репрезентативец беше најзаслужен за победата на грчкиот тим над Сан Пабло Бургос со 93:80 во второто коло од Еврокупот. Арис на домашен терен во Солун стигна до важен триумф, а Димитријевиќ беше прво име во победничкиот состав. Македонскиот плејмејкер постигна 21 поен, запиша два скока и седум асистенции, покажувајќи дека е еден од клучните играчи на тимот. Димитријевиќ на паркетот помина 20 минути, но и во ограничена минутажа успеа да остави огромен печат врз играта на Арис и да го предводи тимот до нова победа. Средбата…
Доволниот внес на вода е важен за нормално функционирање на организмот, а правилната хидратација може да има позитивно влијание и врз контролата на крвниот притисок. Сепак, како и кај многу други работи, ниту недостатокот, ниту прекумерното внесување течности не се добри за здравјето. Високиот крвен притисок или хипертензијата се појавува кога крвта создава поголем притисок врз ѕидовите на крвните садови од нормалното. Покрај терапијата и промените во животниот стил, одржувањето на добра хидратација може да биде еден од факторите што придонесуваат за подобра регулација на притисокот. Истражувања покажуваат дека лицата со висок крвен притисок често имаат и пониско ниво на…
Арсенал и Микел Артета ја продолжија соработката, откако лондонскиот клуб официјално објави дека шпанскиот стратег потпишал нов договор кој ќе важи до јуни 2030 година. Од клубот посочуваат дека продолжувањето на договорот со 44-годишниот тренер претставува важен чекор во плановите за создавање успешен период во историјата на Арсенал. „Ова е важен момент за историјата на Арсенал. Нашата цел е да изградиме победничка ера со Микел. Ќе продолжиме посветено да работиме за да ги реализираме долгорочните амбиции на клубот и навивачите“, изјави извршниот директор Ричард Гарлик. Артета има посебна врска со Арсенал, бидејќи претходно беше фудбалер на клубот од 2011 до…
Новак Ѓоковиќ повторно ја почувствува големата популарност што ја ужива во Кина, каде што овие денови престојува по освојувањето на турнирот во Пекинг и пред настапот на Мастерсот во Шангај. Српскиот тенисер по петгодишна пауза се врати во Кина, а неговото пристигнување предизвика голем интерес кај тамошните навивачи. Љубителите на тенисот го следат на секој чекор – од доаѓањето во земјата, па сè до тренинзите и јавните настапи. Ѓоковиќ призна дека во Кина се чувствува исклучително прифатено и дека поддршката од публиката му создава чувство како да е дома. На една од прес-конференциите, 24-кратниот освојувач на грен-слем титули се пошегува…
Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година, со кој се предвидува прилагодување на приходите и расходите поради фискалните ефекти од владините мерки за поддршка на граѓаните и стопанството. Како што информираат од Владата, измените се поврзани со намалувањето на акцизата и данокот на додадена вредност кај горивата, што влијаеше врз буџетските проекции. Со новите пресметки, вкупните приходи се планирани на 374,2 милијарди денари, додека расходите се проектираат на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит, според предлогот, останува на истото ниво. Целта на измените, според извршната власт, е зачувување на стабилноста на јавните финансии, обезбедување непречено…
Шефот на Вишото јавно обвинителство Битола доби мерки на претпазливост откако против него е отворена истрага поради сомнение за примање награда за противзаконито влијание, информираа од Основниот кривичен суд Скопје. Од судот соопштија дека судија на претходна постапка, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, донел решение со кое го прифатил барањето за определување мерки против П.В., виш јавен обвинител од Битола. Одлуката била донесена по сослушување на осомничениот, во присуство на неговиот бранител, како и по разгледување на фактите и доказите доставени во предлогот на обвинителството. Според судското соопштение, П.В. се сомничи за…
Општина Вевчани во изминатиот период реализираше повеќе инфраструктурни, комунални и туристички проекти со цел подобрување на условите за живот на жителите и унапредување на јавниот простор. Од локалната самоуправа информираат дека во делот на патната инфраструктура, во соработка со Министерството за транспорт, биле обезбедени средства за целосна реконструкција на четири локални улици со вкупна должина од околу пет километри. Паралелно со тоа, обновено е и уличното осветлување, при што се поставени нова подземна инсталација и современи канделабри. Во текот на годината биле реализирани активности за уредување на јавни површини, пешачки патеки и пристапни патишта, како и изградба на бетонски канали…
По речиси 11 години од започнувањето на изградбата, Охрид конечно се очекува да го добие долгоочекуваниот затворен базен. Владата ја усвои одлуката со која се создаваат услови проектот да продолжи и да биде завршен, информираат од Министерството за спорт. За целосно завршување на објектот обезбедени се 470 милиони денари, со што, според надлежното министерство, се надминува долгогодишниот застој на еден од најзначајните спортски инфраструктурни проекти во Охрид. Од Министерството за спорт посочуваат дека по преземањето на надлежностите била направена детална анализа и ревизија на проектот, при што биле утврдени техничките, финансиските и административните пречки кои го забавувале неговото реализирање. Како…
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, заедно со раководители од општинската администрација, одржа работна средба со жителите на месната заедница село Драчево, во рамки на теренските посети низ месните и урбаните заедници. На средбата се разговараше за реализираните проекти, како и за приоритетите што жителите ги посочија за наредниот период. Од Општина Кисела Вода информираат дека граѓаните изразиле задоволство од покривањето на каналот долж реката Мала Рада, редовното одржување на јавната хигиена и асфалтирањето на улицата „Речиште“. Покрај досегашните активности, жителите побарале асфалтирање на дополнителен крак од улицата „Речиште“, санација на шахтите, како и поставување „Safe City“ камери на…