ВМРО-ДПМНЕ започнува теренска кампања во рамки на која партискиот лидер Христијан Мицкоски и членовите на Извршниот комитет до крајот на годината ќе посетуваат градови и населени места низ Македонија.
Целта, како што соопштија од партијата, е преку директни средби со граѓаните да се слушнат нивните проблеми и да се провери што е реализирано од ветените проекти.
На средбите ќе се разговара и за почитувањето на роковите, функционирањето на институциите и потребите на локалното
население.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека кампањата ќе продолжи и
напролет, со организирање трибини во градовите и селата низ државата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
