Министерот за образование на Јужна Кореја, Чои Кјо-џин (72), вчера поднесе оставка поради скандал со препишување на испити, кој ја шокираше нацијата.
Тој ја презеде одговорноста за конфузијата предизвикана од мерките против мамење со помош на вештачка интелигенција, воведени во последен момент пред националниот приемен испит за факултет, објави Би-би-си.
Претседателот Ли Џе Мјунг ја прифати неговата оставка во рок од еден час и нареди сеопфатен преглед на организацијата на државните испити и поврзаните закони.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
