Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека не планира да присуствува на Светскиот економски форум во Давос туку дека ќе остане во Украина поради масовното руско гранатирање. Сепак остави мал простор за негово присуство ако, како што наведе, таму одредени документи бидат подготвени за потпишување.
Тој додаде дека сите функционери мора да се занимаваат со ситуацијата во земјата и потсети дека само во Киев, од синоќа, повеќе од милион потрошувачи останале без струја, а значителен број домови се без греење.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

