Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Локално примирје меѓу Русија и Украина за хуманитарна мисија во Олешки
    Свет

    Локално примирје меѓу Русија и Украина за хуманитарна мисија во Олешки

    27/10/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во сила стапи локално примирје меѓу Русија и Украина со цел да се овозможи спроведување хуманитарна операција во окупираниот град Олешки, соопштија двете страни во одделни изјави.

    Руското Министерство за одбрана соопшти дека од 4 часот по московско време е прекинато гранатирањето во правец на украинскиот град Херсон, со цел да се создадат услови за реализација на хуманитарната мисија во Олешки.

    Истовремено, украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец потврди дека и украинската страна го почитува договореното примирје, наведувајќи дека прекинот на огнот започнал во истиот термин.

    Олешки се наоѓа на левиот брег на реката Дњепар, непосредно спроти Херсон, кој е под контрола на украинските сили. Според информациите, во градот се наоѓаат околу 2.000 цивили кои немаат пристап до храна, лекови и други основни потреби.

    Поради присуството на мини и интензивната употреба на беспилотни летала во околината, жителите не можат безбедно да го напуштат градот, пренесува Асошиејтед прес.

    Минатата недела Белата куќа соопшти дека првата дама на САД, Меланија Трамп, помогнала во обезбедувањето на договорот за локалното примирје, кое треба да овозможи безбедна испорака на хуманитарна помош и евакуација на цивилите.

    Поврзани вести:

    Автомобил удри група луѓе во Германија, четири лица повредени

    Автомобил удри група луѓе во Германија, четири лица повредени

    САД ја испраќаат нуклеарната подморница „Колорадо“ во Австралија

    САД ја испраќаат нуклеарната подморница „Колорадо“ во Австралија

    Студентската листа повика на смиреност по собирот пред „Пинк“

    Студентската листа повика на смиреност по собирот пред „Пинк“

    Македонец фатен во Франција со 68 килограми кокаин сокриени во камион

    Македонец фатен во Франција со 68 килограми кокаин сокриени во камион

    Макрон најави мерки по протестите во Франција, владата под притисок да одговори на барањата на граѓаните

    Макрон најави мерки по протестите во Франција, владата под притисок да одговори на барањата на граѓаните

    Лула испиша историја: Освои четврти претседателски мандат во Бразил

    Лула испиша историја: Освои четврти претседателски мандат во Бразил

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Автомобил удри група луѓе во Германија, четири лица повредени

    27/10/2026

    САД ја испраќаат нуклеарната подморница „Колорадо“ во Австралија

    27/10/2026

    Студентската листа повика на смиреност по собирот пред „Пинк“

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.