Една недела пред изборите за Конгресот на САД, повеќе од 30 милиони Американци веќе го искористија своето право на глас. Ова значи дека темпото на рано гласање е неколку дена побрзо отколку на изборите во 2022 година, додека интензивната финална кампања се одвива низ целата земја, пишува Си-ен-ен.
Претседателот Доналд Трамп вчера одржа митинзи во Тексас, додека демократите се надеваат дека ќе ја прекинат 32-годишната серија без победа во таа држава во трките за Сенатот и за гувернер.
Во писмо, до кое дојде Си-ен-ен, Министерството за правда изразува загриженост за „бројот на гласачи кои не се државјани и кои се регистрирани и активно гласаат во државата Вашингтон“. Во писмото, во кое има список на сомнителни гласачи, се наведува дека „дозволувањето такво гласање ги поништува гласовите на граѓаните“. Порано овој месец, Министерството за правда поднесе тужба за да се обиде да ги спречи службениците на Калифорнија да пребројат повеќе од 20.000 гласа за кои веруваат дека им припаѓаат на лица кои не се државјани. Федералниот апелационен суд во понеделникот го отфрли тоа барање и го врати случајот во Окружниот суд.
