Најмалку четири лица се повредени откако автомобил доцна синоќа удрил во група луѓе во градот Нојштат ам Рибенберге во северна Германија, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил во сојузната покраина Долна Саксонија, северозападно од Хановер. Според првичните информации, меѓу повредените има и лица со потешки повреди, но сите биле пренесени во болница и се надвор од животна опасност.
Полициски службеници кои во близина вршеле редовна сообраќајна контрола го забележале настанот нешто пред полноќ. При обидот да го запрат возилото, полицајците отвориле оган, но автомобилот успеал да избега од местото.
Во потрагата по еден или повеќе осомничени се вклучени поголем број полициски екипи, а во акцијата учествува и полициски хеликоптер.
Според првичните резултати од истрагата, постои сомнеж дека лицата вмешани во инцидентот меѓусебно се познавале. Засега нема официјални информации за мотивот, идентитетот на осомничените или точните околности под кои дошло до ударот.
Истрагата за случајот продолжува.
