Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Економија»За примен откуп од 50.000 евра за да влијае кај судија е уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа
    Економија

    За примен откуп од 50.000 евра за да влијае кај судија е уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа

    14/12/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    МВР денеска ја информираше јавноста за какво дело бил уапсен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа.
    „Во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, Стафа примил вкупно 50.000 евра за да посредува и да искористи влијание кај судија во Апелациониот суд Скопје за извршување службено дејствие што не би смеело да се изврши“, соопштија од полицијата.

    Првично, Стафа побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице недостапно на органите на прогонот и против кого ОЈОГОКК водело постапки за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 6 октомври 2025 година примил 30.000 евра, а на 13 декември 2025 година уште 20.000 евра. Веднаш по примањето на вториот износ, Стафа бил лишен од слобода, а кај него биле пронајдени парите.

    Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради сите околности што упатуваат на опасност од бегство, можност да изврши нови кривични дела или да влијае на постапката.

    Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен правобранител од август 2018 до 23 август 2022 година кога беше разрешен. Во последниот период работеше како адвокат и беше меѓу кандидатите на последниот јавен оглас за избор на член на Судскиот совет.

    Поврзани вести:

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    УЈП почна проверки на приливите од странство за 2021 година

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    „Се гледа крајот“: Николоски објави нови детали од изградбата на автопатот Охрид – Кичево

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струја за речиси 98 проценти

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    УЈП: Најмладиот милионер во Македонија има 4 години, најстариот 97

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    Македонија изложена на влијанијата од глобалните цени на храната и енергенсите

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Филипче им честиташе на граѓаните на Србија: Падна Вучиќ, сите знаеме кој е следен

    26/10/2026

    Собранието денеска расправа за интерпелацијата на министерката Сања Божиновска

    26/10/2026

    РКЕ денес одлучува за новите цени на бензинот и дизелот

    26/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.