Министерот за транспорт и заменик-претседател на Владата, Александар Николоски, денеска изврши увид во текот на градежните работи на автопатот Охрид–Кичево, оценувајќи дека проектот се реализира со забрзано темпо.
Николоски преку објава на својот профил на социјалните мрежи сподели фотографии од теренот и порача дека изградбата напредува добро.
„На терен со вредните работници кои го градат автопатот Охрид–Кичево. Одличен напредок! Што би рекол нашиот народ – ‘Се гледа крајот’“, напиша Николоски.
Тој посочи дека граѓаните наскоро ќе добијат современа и безбедна патна делница, која ќе биде меѓу најзначајните инфраструктурни проекти во земјата.
„Брз, сигурен и најсовремен автопат, со најдолгите тунели во Македонија, галерии и вијадукти е на повидок. Ја градиме Македонија!“, објави вицепремиерот.
Автопатската делница Охрид–Кичево е еден од најголемите инфраструктурни проекти во западниот дел на државата, чија реализација треба да го подобри патното поврзување меѓу двата града и поширокиот регион.
