Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»(Видео) Два силни земјотреси во Турција, срушени згради, луѓето се на улица, има и повредени
    Свет

    (Видео) Два силни земјотреси во Турција, срушени згради, луѓето се на улица, има и повредени

    28/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Силен земјотрес со јачина од 6.1 степен според Рихтеровата скала синоќа ја погоди провинцијата Баликесир во Турција. Земјотресот бил почувствуван во околните провинции, особено во Истанбул, Измир и Бурса. Само неколку минути по првиот потрес, истата област ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4.2 степени.
    Според податоците објавени на веб-страницата на Управата за катастрофи и вонредни ситуации на Турција (АФАД) потресот од 6.1 степен е регистриран со епицентар во областа Синдирги.
    Утврдено е дека земјотресот, кој беше почувствуван во многу провинции во регионите Мармара и Егеј, се случил на длабочина од 5.99 километри.
    Министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја, објави дека тимовите веднаш почнале со теренски проверки и скенирање на теренот во врска со земјотресот од 6.1 степен во областа Синдирги.

    Rabbim beterinden kurusun…#deprem #sındırgı #Balıkesir

    pic.twitter.com/R5F0ZBHxVE

    — Hamza YILDIZ (@cpr_cpr) October 27, 2025


    Во изјава на социјалните мрежи, Јерликаја потврди дека сите тимови од АФАД и релевантните институции веднаш започнале со теренски истражувања.
    Јерликаја, во изјава за Си-Ен-Ен Турк, потврди дека земјотресот предизвикал материјална штета. – Уништени се три згради и еден дуќан, изјави Јерликаја.

    SON DAKİKA | Balıkesir Sındırgı’dan gelen ilk bilgilere göre bazı yapılar yıkıldı. #deprem
    pic.twitter.com/gAfhHCwyP3

    — Daktilock (@daktilock) October 27, 2025


    Една празна зграда, која веќе била оштетена во претходен земјотрес, се урнала по силниот потрес во Синдирги.
    Проф. д-р Шенер Ушумезсој во изјава за Си-Ен-Ен Турк рече дека земјотресот во Баликесир не е последователен потрес (aftershock), туку „поттикнувачки“ земјотрес.
    – Земјотресот во Синдирги е продолжение, малку понајугоисточно. Линијата на раседот пукнала на 15 километри оддалеченост, и таа има продолжение кон југ, објасни Ушумезсој.
    Тој додаде дека станува збор за расед кој се откинува на површина од околу 100 километри.
    – Луѓето од Синдирги не треба да очекуваат поголем земјотрес. Овој земјотрес е дел од претходниот земјотрес во Баликесир Синдирги. Како фиоките во комода. Откако се скрши едната, се скрши и другата. Тоа не е последователен потрес, туку земјотресот што тој го поттикна, нагласи професорот.

    Deprem sonrası bir züccaciye dükkanı.

    pic.twitter.com/3KiclC5u6J

    — Daktilock (@daktilock) October 27, 2025

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Силна експлозија и пожар во складиште за оружје во Бугарија

    Силна експлозија и пожар во складиште за оружје во Бугарија

    Воз излета од шините во Франција, најмалку 44 лица се повредени

    Воз излета од шините во Франција, најмалку 44 лица се повредени

    Путин: Резултатите на АфД се последица на системските грешки на западните елити

    Путин: Резултатите на АфД се последица на системските грешки на западните елити

    ЦИА три години пред нападите Кулите близначки предупредувала за можен терористички напад

    ЦИА три години пред нападите Кулите близначки предупредувала за можен терористички напад

    Бројот на загинати во запалениот траект на Филипините се зголеми на 35

    Бројот на загинати во запалениот траект на Филипините се зголеми на 35

    Петмина загинати и 67 повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

    Петмина загинати и 67 повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    земјотрес повредени срушени згради Турција
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Силна експлозија и пожар во складиште за оружје во Бугарија

    12/09/2026

    Воз излета од шините во Франција, најмалку 44 лица се повредени

    12/09/2026

    Путин: Резултатите на АфД се последица на системските грешки на западните елити

    12/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.