Според информациите до кои дошла Анкара, со почетокот на нападите врз Иран, израелската разузнавачка служба Мосад се обидела да преговара со Курдската работничка партија (ПКК) и нејзиното иранско крило ПЈАК. Целта била овие групи, кои Турција ги смета за терористички, да се користат како копнени „посреднички сили“ во борбите. Заради ова Турција испрати сериозно предупредување и им порача на Соединетите Американски Држави, Ирак и курдските сили дека ќе интервенира воено ако курдските организации се вклучат во активности против Иран, според дневниот весник „Туркије“.
Претседателот Реџеп Тајип Ердоган имал телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп кадешто недвосмислено се спротивставил на ваквото сценарио и дека доколку е потребно, Анкара воено ќе интервенира.
Ова се случува во контекст на израелско-американските напади врз Иран кои започнаа на 28 февруари, каде стратешките точки како Ормутскиот Теснец остануваат во фокусот на глобалната безбедност.
