Тројца македонски државјани заработија кривични пријави во Хрватска под сомнение дека оштетиле туѓ имот откако лепеле налепници со кирилични букви на сообраќајни знаци и јавна опрема.
Според полициските информации, случајот бил откриен по пријави добиени минатата недела во областа Цавтат, при што истражителите утврдиле дека со кирилични лепенки биле облепени сообраќаен знак, информативна табла и корпа за отпадоци, поради што, според властите, излепените предмети ја изгубиле својата намена и препознатливост.
Тројцата мажи од Македонија се на возраст 23, 25 и 26 години и имале регулиран престој, но поради кривичната постапка се предадени на притворската единица на Полициската управа Дубровничко-неретванска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
