Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Скандал во приватна клиника во Солун: Хемотерапии се вршеле без дозвола
    Свет

    Скандал во приватна клиника во Солун: Хемотерапии се вршеле без дозвола

    29/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Приватна клиника во Солун се соочува со трајно затворање и одземање на дозволата за работа, откако Националната управа за транспарентност на Грција (ЕАД) утврдила низа сериозни неправилности во нејзиното функционирање.

    По спроведената контрола, инспекторите утврдиле дека во клиниката работело онколошко одделение без соодветна законска дозвола, а во него се вршеле хемотерапии иако таква дејност не била наведена во официјалната дозвола за работа.

    Според извештајот на ЕАД, одделението било опремено со потребната медицинска опрема, а неговото постоење било промовирано и преку официјалната веб-страница на клиниката. Во него работел само еден лекар – пулмолог со специјализација во пулмонална онкологија, кој немал договор за работа со установата.

    Утврдено било и дека клиниката немала доволен број медицински сестри и стручен персонал, немала функционална единица за интензивна нега, иако таа била задолжителна според прописите, како и дека со дел од лекарите немало регулирани работни односи.

    Од ЕАД посочиле дека лекарот од 2022 година препишувал терапии за хемотерапија на пациенти, а потоа лекувањето се спроведувало во нерегистрираното онколошко одделение на клиниката. Подготовката на терапијата ја вршел персоналот на установата.

    Инспекциските органи наведуваат дека и лекарот сноси одговорност за функционирањето на одделението без дозвола, бидејќи пружањето здравствени услуги во простор кој нема соодветно одобрение е спротивно на професионалните и етичките обврски.

    Претходни контроли во 2025 година веќе укажале на недостиг на медицински кадар и биле дадени препораки за одземање на дозволата за работа. Сепак, надлежните институции не постапиле по препораките за целосно затворање на клиниката.

    По последниот извештај, ЕАД предложила трајно прекинување на работата на установата, одземање на дозволата и изрекување административни санкции.

    Извештајот е доставен и до обвинителството за проверка на евентуална кривична одговорност, до Националната организација за обезбедување здравствени услуги и до лекарската комора за евентуална дисциплинска постапка.

    Според грчките медиуми, се очекува клиниката да биде затворена во текот на денот.

    Поврзани вести:

    Франција повторно на нозе: Десетици илјади протестираат, мобилизирани 70.000 полицајци

    Франција повторно на нозе: Десетици илјади протестираат, мобилизирани 70.000 полицајци

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    САД без летови, Малин уверува: Ова не е нов 11 септември

    САД без летови, Малин уверува: Ова не е нов 11 септември

    Воздушниот сообраќај во САД запрен: Национално приземјување на сите летови

    Воздушниот сообраќај во САД запрен: Национално приземјување на сите летови

    Обилни дождови ја погодија Словенија: Поплавени куќи, патишта и пречистителна станица

    Обилни дождови ја погодија Словенија: Поплавени куќи, патишта и пречистителна станица

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Франција повторно на нозе: Десетици илјади протестираат, мобилизирани 70.000 полицајци

    14/11/2026

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    14/11/2026

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    14/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.