Земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтер, синоќа ја погоди западна Турција, со епицентар во Мраморното Море, на 39 километри од покраината Текирдаг. Речиси истовремено земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди и провинцијата Сантијаго дел Естеро во Аргентина. Со 5,4 степени според Рихтер синоќа се тресеше Чиле. Нема информации за материјални штети или жртви од ниту еден од земјотресите.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

