САД продолжуваат со нападите врз Иран, а привременото затишје од пет дена се однесува само на ударите врз енергетските објекти, пренесуваат медиумите повикувајќи се на американски официјален претставник.
Но, иранските медиуми јавуваат дека се нападнати два енергетски објекти во Иран неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп неочекувано најави дека нема да бидат напаѓани иранските енергетски капацитети.
Иран започнал нов бран ракетни напади врз Израел и базите на САД, отфрлајќи ги тврдењата на американскиот претседател за наводни разговори како „лажни вести”.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
