Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Русија го затвори воздушниот простор над Капустин Јар, се шпекулира за нови ракетни тестови
    Свет

    Русија го затвори воздушниот простор над Капустин Јар, се шпекулира за нови ракетни тестови

    29/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Русија воведе привремени ограничувања на воздушниот простор над воениот полигон Капустин Јар во Астраханската област, што, според украинското специјализирано издание „Дифенс експрес“, може да укажува на подготовка за нови ракетни тестирања.

    Ограничувањата ќе важат од 28 септември до 3 октомври, секој ден во периодот од 9 до 19 часот. Вакви мерки вообичаено се воведуваат поради безбедносни причини за време на лансирања или други активности поврзани со ракетни системи.

    Украинскиот медиум наведува дека, поради локацијата на ограничувањата, постојат шпекулации оти Русија би можела да тестира балистички ракети или ракетниот систем со среден дострел „Орешник“, кој може да носи и нуклеарна боева глава. Засега, сепак, нема официјална потврда каков тип ракета евентуално би бил тестиран.

    Полигонoт Капустин Јар и претходно беше поврзуван со лансирања на ракети „Орешник“ кон Украина, но актуелните ограничувања сами по себе не потврдуваат дека ќе има ново лансирање.

    Во меѓувреме, украинските власти соопштија дека Киев повторно бил цел на руски балистички ракети и беспилотни летала. Според објавените информации, нападите предизвикале штети на повеќе објекти, меѓу кои магацини, станбени згради, деловни објекти, бензински пумпи, центри за податоци и зградата на Националната академија на науките на Украина.

    Според достапните информации, во нападите загинале најмалку седум лица, а повеќе од 80 биле повредени.

    Во Москва, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека шансите за брз мировен договор во моментов се мали. Тој оцени дека неодамнешните украински напади дополнително ги намалиле изгледите за напредок во преговорите и порача дека Украина „ќе мора да плати цена“ за своите активности.

    Поврзани вести:

    Франција повторно на нозе: Десетици илјади протестираат, мобилизирани 70.000 полицајци

    Франција повторно на нозе: Десетици илјади протестираат, мобилизирани 70.000 полицајци

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    САД без летови, Малин уверува: Ова не е нов 11 септември

    САД без летови, Малин уверува: Ова не е нов 11 септември

    Воздушниот сообраќај во САД запрен: Национално приземјување на сите летови

    Воздушниот сообраќај во САД запрен: Национално приземјување на сите летови

    Обилни дождови ја погодија Словенија: Поплавени куќи, патишта и пречистителна станица

    Обилни дождови ја погодија Словенија: Поплавени куќи, патишта и пречистителна станица

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Франција повторно на нозе: Десетици илјади протестираат, мобилизирани 70.000 полицајци

    14/11/2026

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    14/11/2026

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    14/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.