Српската полиција уапси седум лица поради постоење основи на сомнениедека во подолг временски период преземале, складирале и споделувале материјал создаден со сексуална експлоатација на деца преку DarkWeb.
При претресот на становите на осомничените, на електронски уреди се пронајдени неколку гигабајти фотографии и видеа на кои се гледа тешката злоупотреба на деца на возраст меѓу 4 и 14 години, класифицирани по возраст, пол и други параметри. Осомничените се притворени.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

