Загрепската полиција цела ноќ спроведувала потрага по четворица мажи кои учествувале во крвавата пресметка во Загреб.
Kонфликтот по полноќ започнал како вербална расправија па прераснал во вооружен напад во кој биле повредени петмина, меѓу кои дури четири деца.
Во тепачката биле употребени летви, колци, чекани и мачети, но ситуацијата целосно излегла од контрола кога еден од напаѓачите извадил огнено оружје и почнал да пука, при што едно дете добило прострелна рана во ногата.
Мотивот за инцидентот бил нерасчистени сметки и долгови поврзани со купопродажба на автомобили.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

