Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Култура»„Ангелски здив“ – песна и спот во чест на жртвите од кочанската трагедија
    Култура

    „Ангелски здив“ – песна и спот во чест на жртвите од кочанската трагедија

    12/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Во пресрет на првата годишнина од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, Мето Ди Флеш и Ана Петановска ја објавија песната и видеоспотот „Ангелски здив“, посветени на прерано згаснатите животи во несреќата што ја потресе целата држава.

    Музиката, текстот и аранжманот ги потпишува Методи Поповски, кој вели дека песната ја создал „во еден здив“, воден од искрени чувства и длабока почит кон младите луѓе кои трагично го загубија животот.

    „Ангелски здив“ е снимена во „Студио Флеш“, а во реализацијата учествувал и Стефан Петановски, во чие студио Ана Петановска ги снимила вокалите. Видеоспотот е во режија на Раде Гогоски, кој стои зад целокупната визуелна концепција – од идеја до финална реализација. Сцените се снимени во Струга и Скопје.

    Во спотот се појавува и Анастасија Поповска, чија симболична улога ја претставува невината младост и сеќавањето на изгубените животи.

    Иницијативата за проектот потекнува од сопственикот на локалот „Angels Cafe“ од Штип, кој ги обединил уметниците во заедничка мисија – преку музика да се испрати порака на љубов, сочувство и вечен спомен.

    Пејачката Ана Петановска истакнува дека ова е една од најтешките, но и најискрените песни што ги испеала.

    „Се надевам дека барем малку ќе им донесе утеха на семејствата на загинатите“, вели таа.

    Според Мето Ди Флеш, „Ангелски здив“ не е само песна, туку порака и почит.

    „Секој од нас вложи дел од своето срце во ова дело. Нека оваа песна биде потсетник дека тие млади животи никогаш нема да бидат заборавени“, додава тој.

    Поврзани вести:

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47.  издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Почнува седмото издание на Скопскиот градски фестивал со уметници од шест земји

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Со многубројна публика заврши четвртото издание на „Taste the South“

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Скопскиот градски фестивал од 18 до 26 септември со уметници од шест земји

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    Националниот џез оркестар ја отвора новата сезона со добитниците на Греми Ден Пјугач и Никол Зураитис

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    кочани песна
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Судењето за пожарот во „Пулс“ почна одново, обвинетите повторно негираа вина

    21/09/2026

    Отворено 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    20/09/2026

    Битола од вечерва е центар на филмската камера, почнува 47. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“

    19/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.