Македонската опера и балет ќе го одбележи Светскиот ден на операта со изведбата на „Набуко“ од Џузепе Верди – едно од најзначајните оперски дела, со моќна музика и силна приказна за слободата и копнежот по татковината, на 30 октомври со почеток во 20 часот.
„Набуко“ е една од оперите што оставиле силен белег во кариерата на Џузепе Верди и во историјата на оперската уметност и претставува музичко дело во кое се огледуваат судбината на еден народ, неговата борба и надежта за слобода.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
