Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Наставничка убиена во напад со нож во основно училиште во Словачка
    Свет

    Наставничка убиена во напад со нож во основно училиште во Словачка

    29/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Една наставничка го загуби животот, а уште две лица се повредени во напад со нож што се случи во основно училиште во словачкото место Сташков. Според првичните информации, за нападот е осомничен ученик од осмо одделение.

    Жртва е 61-годишна наставничка, додека меѓу повредените е ученичка која се наоѓа во критична состојба. Повредена е и 44-годишна наставничка, која се здобила со убодна рана во пределот на градниот кош.

    По пријавата за нападот, на местото веднаш интервенирале полициски и медицински екипи. Во спасувачката акција биле вклучени две возила на итната медицинска помош и два хеликоптери.

    Тешко повредената ученичка со хеликоптер била пренесена во болница во Мартин, додека повредената наставничка е хоспитализирана во болницата во Жилина.

    Полицијата соопшти дека ситуацијата е целосно ставена под контрола и апелираше до јавноста да не шири непроверени информации додека трае истрагата. Засега не се соопштуваат детали за мотивот на нападот.

    На местото на трагедијата пристигнале министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток, министерот за образование Томаш Дракер и министерот за здравство Камил Шашко.

    Овој трагичен случај повторно ја отвори дебатата за безбедноста во словачките училишта. Во јануари 2025 година, во напад во образовна установа во Спишка Стара Вес беа убиени две лица, а едно беше повредено.

    Надлежните институции продолжуваат со истрагата, а повеќе информации за околностите и мотивот за нападот се очекуваат во текот на денот.

    Поврзани вести:

    Франција повторно на нозе: Десетици илјади протестираат, мобилизирани 70.000 полицајци

    Франција повторно на нозе: Десетици илјади протестираат, мобилизирани 70.000 полицајци

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    САД без летови, Малин уверува: Ова не е нов 11 септември

    САД без летови, Малин уверува: Ова не е нов 11 септември

    Воздушниот сообраќај во САД запрен: Национално приземјување на сите летови

    Воздушниот сообраќај во САД запрен: Национално приземјување на сите летови

    Обилни дождови ја погодија Словенија: Поплавени куќи, патишта и пречистителна станица

    Обилни дождови ја погодија Словенија: Поплавени куќи, патишта и пречистителна станица

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Франција повторно на нозе: Десетици илјади протестираат, мобилизирани 70.000 полицајци

    14/11/2026

    САД го отворија воздушниот простор, но хаосот со летовите продолжува

    14/11/2026

    Белата куќа потврди: Трамп, Си и Путин ќе се сретнат во Кина

    14/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.