Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот Ајатолах, избран за нов врховен лидер на Иран
    Свет

    Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот Ајатолах, избран за нов врховен лидер на Иран

    09/03/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Моџтаба Хамнеи, верски службеник кој долго време се сметаше за една од највлијателните, но и најмалку видливи личности во иранскиот политички естаблишмент, е именуван за нов врховен лидер на Иран по смртта на досегашнот Ајатолах во американско-израелски воздушен напад.
    Тој е син на убиениот ајатолах Али Хамнеи, кој беше врховен лидер на земјата од 1989 година.

    Иранските државни медиуми, касно синоќа, објавија дека Моџтаба Хамнеи официјално со одлука на Собранието на експерти, тело од 88 членови кое според Уставот го избира највисокиот политички и верски авторитет во државата. Неговото именување, според иранските власти, е спроведено според уставната процедура, а не како наследно пренесување на власта.
    Неговото име со години се споменуваше како можен наследник поради блискоста со татко му. Со оваа одлука Моџтаба Хамнеи станува трет врховен лидер на Исламската Република од револуцијата во 1979 година.

    Врховниот лидер има последен збор за клучните државни прашања, меѓу кои надворешната политика и нуклеарната програма. Западните сили настојуваат да го спречат Иран да развие нуклеарно оружје, додека Техеран тврди дека програмата има исклучиво цивилна намена.

    Тој е роден на 8 септември 1969 година во Машхад, еден од најважните верски центри во земјата. Тој е втор син на Али Хамнеи и едно од шесте деца во семејството. Растел во период на силни политички превирања и бил сведок на подемот на својот татко во Исламската револуција. Се оженил со Захра Хадад-Адел, ќерка на конзервативниот политичар Голам-Али Хадад-Адел, поранешен претседател на парламентот. Неговата сопруга била меѓу загинатите во американско-израелскиот напад врз семејниот комплекс во Техеран. Моџтаба го преживеал нападот, но изгубил повеќе членови од своето семејство. Верското образование го стекнал во градот Ком, центар на шиитската теологија во Иран. Таму студирал исламско право и теологија кај неколку истакнати конзервативни верски учители. Поголем дел од својата кариера го поминал предавајќи на верски семинари во Ком.

    И покрај долгото присуство во клерикалниот естаблишмент, никогаш не извршувал формална државна функција. Во 2019 година Соединетите Американски Држави му воведоа санкции, тврдејќи дека има значително политичко влијание во рамките на иранскиот режим.

    Поврзани вести:

    Силна експлозија и пожар во складиште за оружје во Бугарија

    Силна експлозија и пожар во складиште за оружје во Бугарија

    Воз излета од шините во Франција, најмалку 44 лица се повредени

    Воз излета од шините во Франција, најмалку 44 лица се повредени

    Путин: Резултатите на АфД се последица на системските грешки на западните елити

    Путин: Резултатите на АфД се последица на системските грешки на западните елити

    ЦИА три години пред нападите Кулите близначки предупредувала за можен терористички напад

    ЦИА три години пред нападите Кулите близначки предупредувала за можен терористички напад

    Бројот на загинати во запалениот траект на Филипините се зголеми на 35

    Бројот на загинати во запалениот траект на Филипините се зголеми на 35

    Петмина загинати и 67 повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

    Петмина загинати и 67 повредени во руски напад врз трговски центар во Украина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    иран лидер моџтаба хамнеи
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Силна експлозија и пожар во складиште за оружје во Бугарија

    12/09/2026

    Воз излета од шините во Франција, најмалку 44 лица се повредени

    12/09/2026

    Путин: Резултатите на АфД се последица на системските грешки на западните елити

    12/09/2026


    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.