Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Мицкоски: Имавме раст на гласовите, но недоволен за победа во Брвеница
    Политика

    Мицкоски: Имавме раст на гласовите, но недоволен за победа во Брвеница

    02/11/20261 Min Прочитај
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со објава на Фејсбук реагираше по поразот на кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ на вонредните избори за градоначалник на Општина Брвеница.

    Во својата објава, Мицкоски напиша дека изборната трка била „сами против сите“, оценувајќи дека нивната страна настапила со програма и концепт, додека противниците, како што наведува, имале поддршка од „демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови“.

    Тој посочи дека коалицијата бележи раст на поддршката во однос на првиот изборен круг, но и во споредба со парламентарните избори.

    „Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист – од 3.000 на 4.200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1.300 гласа, но за жал недоволно за целосна победа“, напиша Мицкоски.

    Премиерот им се заблагодари на граѓаните кои ја поддржале нивната коалиција, но порача дека Владата ќе продолжи да им дава поддршка на сите жители на Брвеница, без разлика како гласале.

    „Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата. Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа“, порача Мицкоски.

    Поврзани вести:

    Јахиј победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ДИК ги објави првичните резултати

    Јахиј победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ДИК ги објави првичните резултати

    Ковачки му ја честиташе победата на Аркин Јахији во Брвеница

    Ковачки му ја честиташе победата на Аркин Јахији во Брвеница

    Неофицијално: Јахији е нов градоначалник на Брвеница

    Неофицијално: Јахији е нов градоначалник на Брвеница

    До 13 часот во Брвеница гласале 27,81 отсто од избирачите

    До 13 часот во Брвеница гласале 27,81 отсто од избирачите

    Жителите на Брвеница денеска во втор круг избираат градоначалник

    Жителите на Брвеница денеска во втор круг избираат градоначалник

    Мицкоски во работна посета на Северна Рајна – Вестфалија, ќе учествува на меѓународен самит

    Мицкоски во работна посета на Северна Рајна – Вестфалија, ќе учествува на меѓународен самит

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Јахиј победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ДИК ги објави првичните резултати

    01/11/2026

    Ковачки му ја честиташе победата на Аркин Јахији во Брвеница

    01/11/2026

    Неофицијално: Јахији е нов градоначалник на Брвеница

    01/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.