Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Политика»Јахиј победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ДИК ги објави првичните резултати
    Политика

    Јахиј победи во Брвеница со 265 гласа разлика, ДИК ги објави првичните резултати

    01/11/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Аркин Јахиј, освои најмногу гласови во вториот круг од вонредните избори за градоначалник на Општина Брвеница.

    Според првичните неофицијални резултати што ги објави Државната изборна комисија, Јахиј добил 4.442 гласа, додека кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, освоил 4.177 гласа.

    Разликата меѓу двајцата кандидати изнесува 265 гласа. Резултатите се добиени по електронски пат од сите 24 избирачки места во десетте населени места во Општина Брвеница.

    Излезноста во вториот круг била 54,29 отсто, односно на гласање излегле 8.820 избирачи.

    Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, информираше дека изборниот процес поминал во фер и демократска атмосфера.

    Кандидатите и подносителите на листи имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката на гласање во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето. Приговорите можат да се достават најдоцна до вторник, 3 ноември, до 19 часот.

    ДИК треба да одлучи по приговорите во рок од 72 часа од нивниот прием, а против одлуката може да се поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа. Судот потоа треба да донесе одлука во рок од 48 часа.

    Конечните резултати од изборите ДИК ќе ги објави по завршувањето на целата постапка по евентуалните приговори.

    – Ги очекуваме записниците од сите избирачки места и утре во текот на денот ќе закажеме седница за соопштување на првичните официјални резултати – изјави Маричиќ.

    Поврзани вести:

    Ковачки му ја честиташе победата на Аркин Јахији во Брвеница

    Ковачки му ја честиташе победата на Аркин Јахији во Брвеница

    Неофицијално: Јахији е нов градоначалник на Брвеница

    Неофицијално: Јахији е нов градоначалник на Брвеница

    До 13 часот во Брвеница гласале 27,81 отсто од избирачите

    До 13 часот во Брвеница гласале 27,81 отсто од избирачите

    Жителите на Брвеница денеска во втор круг избираат градоначалник

    Жителите на Брвеница денеска во втор круг избираат градоначалник

    Мицкоски во работна посета на Северна Рајна – Вестфалија, ќе учествува на меѓународен самит

    Мицкоски во работна посета на Северна Рајна – Вестфалија, ќе учествува на меѓународен самит

    СДСМ по стечајот на Алта банка бара истрага и одговорност од надлежните

    СДСМ по стечајот на Алта банка бара истрага и одговорност од надлежните

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Ковачки му ја честиташе победата на Аркин Јахији во Брвеница

    01/11/2026

    Неофицијално: Јахији е нов градоначалник на Брвеница

    01/11/2026

    До 13 часот во Брвеница гласале 27,81 отсто од избирачите

    01/11/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.