Во Бугарија почна гласањето на вонредните парламентарни избори, осми по ред за неполни 5 години, кои треба да покажат дали земјата ќе добие нов политички почеток или ќе влезе во нов круг на нестабилност. Гласањето започна во 7 часот и ќе трае до 20, со можност да се продолжи до 21 часот ако има редици.
Право на глас имаат над 6,6 милиони избирачи, а отворени се околу 12.000 избирачки места, дел од нив со машинско гласање, како и стотици секции во странство.
Изборите следуваат по падот на владата на Росен Желјазков, која поднесе оставка по масовните протести предизвикани од буџетот за 2026 година и поширокото незадоволство од корупцијата.
Анкетите пред изборниот молк му даваа предност на доскорениот претседател Румен Радев и неговата „Прогресивна Бугарија“, пред ГЕРБ-СДС и останатите партии. Сепак, и покрај водството, останува неизвесно дали Радев ќе може да обезбеди стабилно парламентарно мнозинство. Доколку резултатите бидат тесни и парламентот фрагментиран, Бугарија повторно може да влезе во долги преговори и политичка блокада.
Кампањата беше обележана и со дебати за надворешната политика, особено ставовите кон Украина, Русија и Крим. Дополнително, институциите спроведоа акции против против организирано купување гласови, при што беа запленети пари и материјали поврзани со изборна трговија.
Бугарија гласа со надеж за стабилност, но исходот ќе покаже дали ќе следи политички пресврт или нова криза.
