Британската Влада се соочува со обвинувања за прикривање информации поврзани со кралското семејство, откако во последен момент го блокирала објавувањето на одредени документи што се однесуваат на поранешниот принц Ендру и неговите трошоци за патувања во својство на британски трговски пратеник.
Документите, кои биле дел од архивските фајлови предадени на Националниот архив биле повлечени непосредно пред објавувањето, објави весникот „Гардијан”.
Од Кабинетот соопштија дека станува збор за „административна грешка” и дека тие записи никогаш не биле наменети за јавноста.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар

