Словачкиот премиер Роберт Фицо тврди дека дел од западните политичари настојуваат војната во Украина да прерасне во директен конфликт меѓу НАТО и Русија. Во видеопорака тој оцени дека стратегијата за пораз на Русија преку војната во Украина не успеала и дека Европа се соочува со опасност од поширок воен судир. Фицо го обвини Западот дека со поддршката за Украина „долева масло на огнот“, оценка што е дел од неговата критика на западната политика кон војната. Тој изјави дека војната во Украина не е војна на Словачка ниту на НАТО и обвини одредени кругови во Алијансата дека се обидуваат да ја…
Автор: Никола Тасев
Со македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, вечерва во Центарот за култура во Битола почнува 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Фестивалската програма ќе трае до 25 септември, а годинава носи рекорден број филмови, едукативни содржини и голем број гости од светската кинематографија. Меѓу главните гости се добитниците на наградите за животно дело Ден Лаустсен и Џеф Кроненвет, како и оскаровците Јануш Камински и Воли Фистер. Во Битола пристигнуваат и турскиот режисер Семи Капланоглу, финскиот кинематографер Тимо Салминен и други истакнати филмски автори. Проекциите од главната селекција ќе се одржуваат…
Околу 3,8 милиони избирачи утре ќе гласаат на покраинските избори во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија, само две недели по победата на Алтернатива за Германија – АфД во Саксонија-Анхалт. Изборите се следат и на федерално ниво бидејќи доаѓаат во период на засилен политички притисок врз канцеларот Фридрих Мерц и неговата Христијанско-демократска унија – ЦДУ. Во Мекленбург-Западна Померанија последните анкети покажуваат тесна трка меѓу АфД и Социјалдемократската партија – СПД на премиерката Мануела Швезиг. Според неодамнешните мерења, АфД е околу 37 проценти, а СПД околу 35 проценти, додека ЦДУ е далеку зад нив со едноцифрена поддршка. Швезиг, која ја предводи покраината, во…
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а претежно во северните и источните региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, со утрински температури од 8 до 15 и дневни од 26 до 32 степена. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд, а температурата ќе се движи од 14 до 32 степена. Утре се очекуваат повремени врнежи и нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во понеделник врнежите ќе продолжат, но ќе бидат со послаб интензитет. Од вторник се очекува стабилизирање…
Две лица загинаа, а седум се повредени откако руска наведувана воздушна бомба погоди станбена зграда во северниот украински град Суми, соопшти претседателот Володимир Зеленски. Според украинските власти, три од повредените лица се во тешка состојба, а меѓу повредените е и 13-годишно девојче. Зеленски соопшти дека бомбата директно погодила дел од зградата меѓу третиот и четвртиот кат и го оцени нападот како „целосно нечовечки“. Спасувачките екипи извлекле четири лица од урнатините, меѓу кои и едно дете, а постои можност под остатоците да има уште луѓе. Регионалниот гувернер Олех Хрихоров потврди дека спасувачката операција продолжува и дека тројца од седумтемина повредени се…
Саудиска Арабија побарала помош од регионални и глобални партнери за заштита на својот воздушен простор од ракетните и беспилотни напади на јеменските Хути, објави Асошиејтед прес повикувајќи се на регионални претставници. Според овие извори, Ријад побарал од Франција, Велика Британија, Пакистан и Египет да распоредат капацитети за противвоздушна одбрана. Еден од претставниците оценил дека Саудиска Арабија се наоѓа во „многу тешка ситуација“, бидејќи истовремено мора да ги заштити воените бази, владините објекти и нафтената инфраструктура. АП наведува дека земјата се соочува со недостиг од ракетни пресретнувачи, додека и можностите на САД за испорака на дополнителни количества во моментов се ограничени.…
Американски борбен авион Ф-16 се урна во сојузната држава Мичиген за време на тренажна мисија, а пилотот успеал безбедно да се катапултира. Авионот ѝ припаѓал на Националната гарда на Тексас и се урнал околу 14 часот, неколку километри источно од државниот парк Интерлокен. По несреќата, службите за итни случаи наредиле евакуација на сите лица во радиус од една милја, односно околу 1,6 километри од местото на падот. Сведоци изјавиле дека слушнале силен удар, додека снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат густ облак од темен чад. Претставник на 149. борбена ескадрила потврдил дека пилотот безбедно се катапултирал и дека е пренесен…
Европската Унија денеска ќе ѝ исплати на Украина 3,3 милијарди евра наменети за набавка на ракети и беспилотни летала. Исплатата ја најави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Денеска ќе исплатиме 3,3 милијарди евра за ракети и дронови во Украина“, соопшти Фон дер Лајен. Зеленски разговорот со претседателката на Европската комисија го оцени како „многу продуктивен“, без директно да ја спомене новата исплата. Тој наведе дека разговорите биле насочени кон клучните чекори за зајакнување на украинската одбрана, вклучително и обезбедувањето финансиски средства.
Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго и натаму е сериозна, а постојат и пропусти во системот за превенција и контрола на заразата, предупреди Африканскиот центар за контрола и превенција на болести. Иако во последните две недели е забележан благ пад на бројот на заразени, Africa CDC оценува дека сè уште нема доволно податоци за да се заклучи дека врвот на епидемијата е поминат. Конгоанскиот министер за здравство Самуел Роже Камба претходно изјави дека има охрабрувачки знаци и дека ширењето на вирусот постепено забавува. Од Africa CDC, сепак, предупредуваат дека овие оценки се темелат на нецелосни податоци и дека преносот…
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 26 до 32 степена. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност, со минимална температура од 13 и максимална до 31 степен. Претежно стабилното време ќе се задржи и во сабота, додека во недела и понеделник се очекуваат повремени врнежи, пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Од вторник се очекува продор на постуден воздух од север, што ќе донесе пад на дневните температури.