Русија најави засилување на нападите врз, како што ги нарекува, „воените цели во Киев“, по големиот украински напад со дронови врз Москва и околината. Руското Министерство за одбрана соопшти дека тоа ќе биде одговор на украинските напади врз, според Москва, „цивилната инфраструктура“ на руска територија. Руските власти тврдат дека нападот врз главниот град бил одбиен, а Министерството за одбрана соопшти дека во текот на неделата биле соборени 1.951 украински дрон и осум крстосувачки ракети. Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин го опиша нападот како досега најголем напад со беспилотни летала врз руската престолнина. Во нападите избувнаа пожари во логистичкиот парк Софјино…
Автор: Никола Тасев
Првите изборни проекции од Германија покажуваат дека Алтернатива за Германија (АфД) е најсилна партија во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин води Левица. Во Мекленбург-Западна Померанија, АфД е пред Социјалдемократската партија (СПД), која според првичните проекции го зазема второто место. Во германската престолнина, пак, првите проекции ја ставаат Левица на првото место пред ЦДУ, а конечните резултати ќе бидат познати по пребројувањето на гласовите. Резултатите дополнително го зголемуваат политичкиот притисок врз канцеларот Фридрих Мерц и неговата ЦДУ, по неодамнешниот тежок пораз на партијата во Саксонија-Анхалт. По објавувањето на првите резултати, Мерц призна дека исходот во Мекленбург-Западна Померанија е исклучително лош за…
Првите електрични автобуси за Скопје би можеле да пристигнат во рамки на првата фаза од набавката, за која е предвиден рок од шест месеци, но засега не е прецизирано колку од нив возила ќе бидат наменети за главниот град. Додека трае производството, Град Скопје почна да ја подготвува инфраструктурата за нивно пуштање во сообраќај, вклучувајќи траси, полначи и потребното електрично напојување. Најголема интервенција е потребна во автобуската база во Автокоманда, каде што треба да се обезбеди поголем електроенергетски капацитет за полнење на новата флота. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вели дека подготовките се одвиваат паралелно со производството за автобусите да можат веднаш…
Иран му испратил на Вашингтон седум услови за почеток на какви било преговори, соопшти Мохсен Резаи, секретар на иранскиот Врховен совет за национална безбедност. Целосната листа засега не е објавена, но Резаи откри три барања – прекин на војната на сите фронтови, ослободување на замрзнатиот ирански имот и укинување на американската поморска блокада. Според Резаи, Катар како посредник веќе ги пренел иранските услови до Вашингтон, а Техеран сега го очекува одговорот на американскиот претседател Доналд Трамп. „Ако Вашингтон сака да излезе од мочуриштето што самиот го создаде, нема друг избор освен да ги прифати правата и условите на Иран“, порача…
Уште едно лице е затекнато синоќа како фрла градежен шут и кабаст отпад околу контејнерите во Скопје, по двата претходно регистрирани случаи на несовесно одлагање отпад. Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, станува збор за лице од Кисела Вода кое веќе е санкционирано. „Додека нашите екипи деноноќно работат за почист град, поединци го уништуваат сработеното и ја загадуваат околината во која сите живееме“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук. Тој порача дека таквата неодговорност нема да помине без санкции и дека останува на ставот за „нулта толеранција за секој што ги претвора јавните површини во депонии и го загрозува здравјето на граѓаните“. Градоначалникот најави…
СДСМ го нападна ЗНАМ по партискиот отчет, обвинувајќи го движењето дека е политички проект создаден за слабеење на опозицијата и одржување на власта на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата реагираат на пораката на ЗНАМ дека „функциите доаѓаат и си одат, Македонија останува“, оценувајќи дека настанот бил отчет пред премиерот Христијан Мицкоски, а не демонстрација на патриотизам. СДСМ тврди дека ЗНАМ најпрво ја напуштил СДСМ, а потоа со влегувањето во Владата станал политички сателит на ВМРО-ДПМНЕ. Особено го оспоруваат претставувањето на зголемувањето на пензиите како резултат на власта, оценувајќи дека со новиот модел пензионерите се оштетени. „Две години народот го држат како заложник,…
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди, а попладне на места се очекува дожд. Локално ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се движат од 12 до 18, а максималните од 26 до 33 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со температура од 16 до 32 степени и слаб ветер од јужен правец.
Со доделување на фестивалските признанија и проекција на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, во Битола свечено беше отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“. Фестивалот за отворен го прогласи претседателката Гордана Силјановска Давкова, која истакна дека „Браќа Манаки“ одамна прераснал од фестивал во културна институција со меѓународен авторитет. Таа нагласи дека годинава меѓу 12-те филмови во официјалната конкуренција има и две македонски остварувања, со кои се отвора и ќе се затвори фестивалот. Силјановска Давкова оцени дека тоа претставува признание и дополнителен импулс за развојот и меѓународната афирмација на македонскиот филм. На свеченоста таа…
Јавниот долг на Франција годинава се очекува да достигне 119,3 проценти од БДП, а во 2027 година дополнително да порасне на 121,7 проценти, покажуваат проценките на Министерството за финансии. Тоа би било највисоко ниво откако францускиот статистички институт почнал да води споредливи податоци во 1978 година, откако на крајот на 2025 година долгот изнесуваше околу 3,46 билиони евра или 115,6 проценти од БДП. Франција веќе е меѓу најзадолжените земји во еврозоната, а според податоците за првиот квартал годинава повисок сооднос на долг и БДП имаа само Грција со 143,5 и Италија со 138,9 проценти. Главна причина за натамошното задолжување е…
Јеменските Хути ја презедоа одговорноста за напади со балистички и крстосувачки ракети и дронови врз Ријад и енергетската инфраструктура во Саудиска Арабија. Портпаролот на Хутите, Јахја Сари, тврди дека биле погодени „чувствителни цели“ во саудиската престолнина и постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Јанбу, важен извозен центар на Црвеното Море. Нападите следуваа неколку часа по експлозии и голем пожар во близина на меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, каде пожарникарите гаснеа запален резервоар на „Арамко“. Инцидентот предизвика сериозни нарушувања во авиосообраќајот, со долги доцнења и откажување на дел од летовите, додека жителите на Ријад и Ал-Харџ добија предупредувања за…